Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОРМ контра Синдикатите: На чиј товар ќе паднат тестовите што се предлагаат како задолжителни за работа?

0
By Sashko on November 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката за предлог мерките за невакцинирани лица ќе се носи на наредната владина седница, бидејќи вчерашната беше одложена по автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 наши државјани.

Со предлог мерките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се предвидува сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции, за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Оние кои го прележале вирусот ќе треба да приложат потврда за прележан ковид-19, не постар од 45 дена, а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист. Покрај тоа, се предлага вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките треба да стапат во сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, за граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за здравствените работници кои сè уште не се вакцинирале.

Синдикатите, на завчерашната средба со ресорниот министер Венко Филипче, побараа два платени слободни дена по вакцинацијата, ПЦР тест за оние кои не сакаат да се вакцинираат да биде на трошок на работодавачот, како и продолжување на рокот за важење на мерките на 15 дена, наместо 10 дена како што предлага Комисијата за заразни болести. Нивните барања според најавите треба да бидат разгледани на седница на Владата.

Забелешки, но и предлози, во меѓувреме упатија и од Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ) од каде сметаат дека во услови кога вакцинирањето против ковид-19 е бесплатно, а одредени работници, сепак, не ја користат оваа поволност, донесувањето на евентуална одлука од страна на Владата со која работодавачите би ги покривале трошоците за ПЦР тестовите за работниците кои не сакаат да се вакцинираат би била целосно нелогична, неоправдана и неприфатлива. Од Стопанската комора на Северна Македонија, пак, бараат невакцинираните работници во приватниот сектор кои во последните шест месеци не прележале ковид-19, задолжително да се тестираат, но на сопствен трошок и тоа со брзи, а не со ПЦР тестови.

Според ОРМ, неприфатлив е предлогот за платени два слободни дена за вакцинација на работниците, бидејќи со ова би се довеле во нерамноправна состојба оние работници кои веќе се вакцинирани, а за кои претходно не важела оваа поволност.

„Во време кога компаниите се соочуваат со голема неизвесност и се обидуваат да се обезбедат работа и опстанок на што поголем број работни места, предлогот со кој трошокот за тестирање на работниците кои не сакаат да се вакцинираат да падне на товар на работодавачите би претставувал големо и неоправдано дополнително финансиско оптоварување за компаниите“, наведува ОРМ во врска со најавата за новите предлог мерки за невакцинираните работници предложени од страна на Комисијата за заразни болести кои треба да ги разгледува Владата.

ОРМ предлага Владата да преземе други мерки со кои би се стимулирала имунизацијата на населението како исплата на еднократна парична награда за вакцинирани работници, слободен ден за секој вакциниран, итн.

Доколку се усвои ваквиот предлог, од СКМ апелираат државата да овозможи контрола на движење на цените, односно да ја определи највисоката цена на брзите антигенски тестови за работниците да немаат големи трошоци. Според Комората, трошокот за тестовите не смее да падне на товар на компаниите.

Ако работникот одлучи да се вакцинира, ќе нема никакви трошоци. Во спротивно, ќе треба задолжително да се тестира, но со брзи тестови, а не со ПЦР кој е 10 пати поскап. Ова никако не значи задолжително вакцинирање, ниту каков било притисок во таа насока, туку само задолжително брзо тестирање што е вид на превентива. Ако некој не смее да се вакцинира поради здравствената состојба, нема да подлежи ниту на тестирање. Ќе ги почитува само мерките, рече вчера потпретседателката на Комората, Анета Трајковска и додаде дека целта на ваквиот предлог е да се обезбеди континуитет на бизнис процесите.

Според неа, Комората ќе апелира до компаниите-членки да одобрат два дена неплатено отсуство на своите вработени за да ги мотивираат да се вакцинираат.

Како што објасни Трајковска, ако работодавачот се одлучи за самотестирање, клучно е трошокот да падне исклучиво на товар на работникот, зашто „секој друг трошок на товар на компанијата е непродуктивен и нема да даде ефект во смисла на зголемување на бројот на вакцинирани“.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, од направени 2.869 тестирања се регистрирани нови 490 случаи со ковид-19, девет починати и 484 оздравени пациенти.

Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 8.281 случаи од кои најголем број (3.831) во Скопје. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 212.865, бројот на оздравени пациенти е 197.120, а на починати е 7.464. Досега во земјата се направени вкупно 1.453.084 милиони тестирања на ковид-19.

вакцини Ковид-19 Македонија ОРМ Работник Работодавач синдикати тестови трошоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.