Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ортопедија: Салите се затворени,инспекција наредила да се реновираат

0
By Менче Атанасова Точи on February 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 3, 2017 17:06

Операционите сали на Клиниката за ортопедија и денеска останаа затворени.  Оваа информација ја потврдија и лекарите и пациентите на клиниката. Болните кои се хоспитализирани се жалат дека непотребно  престојуваат и чекаат цела недела за операција, а никој не им кажува кога ќе бидат отворени операционите сали.

НОВА дознава дека уште во септември Санитарната и здравствена инспекција издала наредба на Клиниката за ортопедија да ги реновираат операционите сали, но бидејќи тоа не било направено, рокот бил пролонгиран до декември. Но, раководството на клиниката не го испочитувало ниту тој рок.  Причината за тоа, како што велат инспекторите, е во тендерот кој никако не може да се реализира.

„Ова решение се однесува на две операциони сали. Заради тендерската постапка тој рок е продолжен до декември, но заради нереализирање на тендерот, салите уште не се реновирани“, велат за НОВА од Санитарната и здравствена инспекција.

Економскиот директорот Александар Стаменковиќ и понатаму тврди дека операционите сали не се затворени и дека се одвива редовна оперативна програма.  Тој се правда дека клиниката останала без лекови поради лошата комуникација меѓу раководителот и клиничката аптека, а тој нарачките ги потпишал на време.

„Ве известувам дека фактите кои ги изнесувате во вашите статии се неточни и не одговараат на реалната ситуација. Уште еднаш ве известувам дека станува збор за интерен комуникациски проблем меѓу в.д раководителот на организациската единица и одделението за аптека кој предизвикал погрешна интерпретација во рамки на посочената организациска единица. Нема непотпишани нарачки од моја страна, а снабдувањето со медицински материјали с е одвива редовно и согласно потребите“, се вели во одговорот на директорот Стаменковиќ.

Дека ситуацијата била многу драматична и постоело опасност да бидат откажани операциите на сите хируршки клиники покажува и  Записникот од Стручниот колегиум кој го објави НОВА.

Стаменковиќ не одговори што се случува со тендерот за реновирање на операционите сали. Зошто не се постапува според Решението на Санитарната и здравствена инспекција за реновирање на салите. НОВА уште во октомври објави фотографии за катастрофалната состојба на операцините сали. Тогаш беше најавено дека постапката за тендерот ќе биде завршена во ноември. До ден денес тендерот се уште не е реализиран.

Нејасно е и зошто нема ништо од тендерот за вештачки колкови, колена, штрафови, протези и друг медицински материјал поради што на клиниката веќе цела година се редуцирани или не се прават ваков тип на операции.

Во Министерството за здравство велат дека овие тендери треба да ги реализира самата клиника и тие не се во нивна надлежност.

 

ортопедија тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.