Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камчев и Станисављева го напуштија МПМ пред генералниот штрајк

8
By Нова ТВ on February 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 16, 2017 16:20

Со овие крупни промени во сопственичката структура кои доаѓаат непосредно пред најавениот генерален штрајк на вработените, Срѓан Ќерим останува единствен сопственик на МПМ.

Компаниите „Орка Холдинг“ управувана од Јордан Камчев и компанијата „Интернет Инвестмент Груп“ чиј што сопственик е Јана Станисаљева, излегоа од сопственичката структура на „Графички центар ДОО“, долгогодишен сопственик на Македонија Медиа Принт (МПМ), издавач на весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, порталот „Телеграф“, магазинот „Теа модерна“.

Според тековните состојби издадени од Централниот регистер на Македонија побарани од НОВА ТВ, на 31 јануари 2017 сопственици на МПМ преку „Графички Центар“ се „Орка Холдинг“ водена од Јордан Камчев, „Мирекс Плус“ во сопственост на Срѓан Ќерим и „Интeрнет  Инвестмент Груп“ -во сопственост на Јана Станисављева, којa претходно ја презема оваа компанија од српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ.

Според последните издадени документи од МПМ, сега сопственици на МПМ се „Мирекс Плус“ и „Телеграф“. Компанијата „Телеграф“ иако е дел од основачкиот влог на МПМ, таа истовремено е во сопственост на МПМ. Или, со оглед на тоа дека и  „Телеграф“ како сопственик на МПМ е истовремено и поседуван од МПМ, Срѓан Керим е практично единствен сопственик на ова издаваштво. Јана Станисављева останува на позицијата генерален директор на МПМ.

Овие крупни промени во сопственичката структура се случуваат непосредно по најавите за штрајк на вработените во трите дневни весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, поради неисплатени плати и хонорари.

Јана Станисављева Јордан Камчев МПМ Срѓан Керим
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.