Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: 2018 беше историска – преговорите со ЕУ почнуваат во 2019

0
By Нова ТВ on December 23, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наредната 2019-та ќе биде годината кога Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ, истакна вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на денешната средба со новинарите.

Ваквите очекувања Османи ги темели на постигнувањата во, како што рече, „историската 2018“, на очекувањето за финализација на обврските од Преспанскиот договор, на реализацијата на зацртаното од Планот 18 и, пред се, на изјавата на еврокомесрот Јоханес Хан за временската рамка за пристапување кон Унијата.

-И покрај тоа што постои песимизам дали сме ние подготвени, сепак, потврдата од комесарот Хан дека Македонија може заедно со Србија и Црна Гора да ја фати 2025-та е вест на годината бидејќи 2025 е пред врата и топката е на наша половина да испорачаме за да може да го фатиме тој рок, рече Османи.

Според него, во однос на датумот за преговори постои техничка дилема, бидејќи се стеснува временскиот простор меѓу објавувањето на извештаите за земјите кандидати, кое вообичаено се случува во април, одржувањето на изборите за ЕП и разгледувањето на тие извештаи од земјите членки на ЕУ.

Затоа имал средба со романскиот министер за евроинтеграции, чија земја претседава со ЕУ, со цел да има доволно простор од објавувањето на извештајот, кој може да биде од крајот на мај до Советот на ЕУ кој треба да ја донесе одлуката (а обично е на 21-22 јуни) за во тие 20 дена да може да се верификува Извештајот во парламентите на членките, за да нема какви било изненадувања..

Паралелно се одвива скринингот и формирањето на преговарачките структури, а веќе се поминати и неколку поглавја во Брисел.

Во однос на реформите, нагласи дека по нивната валоризација со Извештајот на ЕК од јуни кој донесе, рече, и прецизна рамка за реформи што беше преточена во Планот 18, а согласно заклучоците од Советот на ЕУ, фокусиран е на реформите во судството, безбедносните служби, јавната администрација и борба против органиизраниот криминал и корупцијата.

Досега се реализирани 66 проценти од зацртаните мерки, а пробив е направен со донесувањето повеќе закони во правосудството и во безбедносните реформи. Со оглед дека повеќето од овие закони се носат со двотретинско мнозинство за нив, потенцира тој, Владата се консултирала и со пратениици од опозицијата и од дел од нив добила поддршка поради што очекува повеќето да бидат донесени во Собранието до крајот на годината.

Рокот на завршување на Планот 18 е до донесување на новиот Извештај на ЕК. Новина која е воведена во однос на спроведувањето на зацртаните реформи е и следење на резултатите, на што инсистира и Европската комисија.

За  Законот за амнестија, односно помирувањето, Османи рече дека тој колку и да е политички непопуларен, сепак, е добро решение како да се создаде амбиент за подобра комуникација помеѓу пратениците во еден важен момент за земјата кога треба да се носат важни одлуки, без притоа да се промовира принципот на неказнивост.

-Овој проект ниту ги амнестира насилниците, ниту организаторите, туку создава можност тие кои биле заведени, кои биле колатерална штета на една погрешна кауза, да може да се создаде тој простор за побрза координација во пресрет на важни предизвици. Ова решение не е измислено во Македонија, туку е преземено од најдобрите пракси во светот, притоа внимавајќи да не се промовира принципот на неказнивост. Собранието не е тоа кое ќе посочува кој е виновен, а кој не, туку судот, рече Османи.

Тој нагласи дека Македонија нема алтернатива за ЕУ и НАТО и дека се оптимисти оти ќе добиеме и датум и ќе ги почнеме преговорите наредната година.

-Нема отстапување, нема повлекување од него, може само да работиме повеќе, да го забрзаме или да ги надминеме евентуалните пречки, дециден е вицепремиерот Османи.

брифинг Бујар Османи ЕУ Македонија преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.