Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Аеродромот ставен во функција, започна евакуацијата на нашите граѓани во Авганистан

0
By Ivana on August 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 17, 2021 11:08

По вчерашниот тежок ден на аеродромот во Кабул поради бројното цивилно население кое што беше околу самата писта, синоќа околу еден часот по полноќ аеродромот беше ставен во функција и евакуацијата беше започната, изјави Министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Според него, повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан.

– Утрово околу 4.30 часот првите наши граќани кои што вчера беа на аеродромот во Кабул, слетаа во Доха и се очекува наскоро истите да бидат транспортирани во Кувајт. Натамошниот нивен транспорт кон земјава е неспорен и тие се безбедно надвор од Аганистан, рече Османи.

Малку подоцна, како што рече, во Абу Даби во Дубаи слета и вториот авион, каде што според последните информации се наоѓаа 25 наши граѓани и нивниот пат продолжува за Лондон.

– Дополнително утрово се упатени 19 наши државјани кои вчера беа сместени во базата на НАТО и тие веќе исто така се на пат за Доха каде наскоро треба да слетаа, додаде Османи.

Во Кабул се уште 14 македонски државјани од кои 11 денеска ќе бидат трансферирани на аеродромот за да бидат евакуирани во текот на денов, а двајца се изјасниле дека остануваат во Авганистан и подоцна ќе ја напуштат земјата.

Османи потенцира дека во сите овие места и градови каде се упатуваат нашите граѓани активирана е дипломатската мрежа со цел да се асистира ако се појават некои предизвици на нивниот пат кон дома.

Тој додаде дека МНР продолжува и понатаму да ги следи состојбите на терен, и очекуваат дека сите наши граѓани ќе бидат извлечени и безбедно ќе се вратат дома. Сепак остануваме подготвени за секакво сценарио со отворени алтернативни можности од нашите пријателски земји за евентуална вонредна евакуација на нашите граѓани. 

На прашањето кога се очекува нашите граѓани кои се враќаат од Авганистан да пристигнат во земјава, Османи истакна дека тоа зависи од распоредот на нивните летови.

– Дали ќе има потреба од карантин, тоа ќе зависи од нивниот вакцинален статус и други епидемиолошки карактеристики. Од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство во Владата е формирано Координативно тело во кое се вклучени и министри кои покриваат прашања од овој домен и кое ќе одлучува согласно ситуацијата, додаде Османи.

Како што е познато во вчерашните нереди загинаа најмалку 7-мина, од кои тројца на бизарен начин, паѓајќи од авион кој штотуку полета.

Авганистан Бујар Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.