Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Ако ни ги прифатат забелешките, може да дојде до договор следните денови

0
By Соња Крамарска on June 24, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Се уште не знаеме која е финалната верзија која ја усвоило бугарското Народно собрание. Треба да ја видам па да дадам став.  Но за нас се главни три точки: јазикот, да не бидат историските прашања дел од преговарачката рамка, и динамиката на уставните промени бидејќи не може да почнеме со уставни промени пред да ги почнеме преговорите со ЕУ. Доколку добиеме предлог во кој ќе бидат земени предвид нашите позиции, може да дојде и до договор во следните денови“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска, сумирајќи го вчерашниот ден кога премиерот Ковачевски во Брисел рече „не“ за францускиот предлог.

Македонската Влада била во комуникација со Франција и веднаш по објавувањето на предлогот на Макрон ги доставиле забелешките, но во јавноста решиле тоа да не го соопштуваат поради стратешки причини и главно да видат како ќе се одвива ситуацијата во Бугарија, откри Османи на денешниот состанок со новинарите по кој уследи прес-конференција заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

Според Османи, францускиот претседател Макрон е известен за македонската позиција и имал разбирање за истата. „Ќе бидеме во комуникација со Франција во следните денови и ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, дополни Османи.

Во однос на оставките кои им се бараат од одредени кругови, министерскиот двоец ја отфрли таквата можност. „Зависи што е успех а што неуспех, дали е успех да се заштити позицијата на нашата држава во овој случај“, реторички праша Бујар Османи.

Околу барањата на Бугарија да се следат социјалните мрежи и можниот говор на омраза, беше одговорено дека станува збор за процедури кои треба да се воспостават за заштита од говор на омраза и дека тоа е и европски стандард кој е од корист и на Македонија, а не само затоа што е барање на Бугарија.

Шефот на дипломатијата изрази јавна благодарност до албанскиот премиер Еди Рама, како што рече, затоа што не само вчера туку и во многу други прилики изразил поддршка кон Македонија. „Но одлука на ЕУ е дали ќе дојде до раздвојување на процесот“, рече Османи на прашањето за се погласните шпекулации дека Албанија сака да се одвои од Македонија и сама да ги почне преговорите. За албанското одвојување и самиот Рама во неколку прилики го побара тоа.  (С.К.)

 

 

Бујар Османи прес конференција француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.