Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Ехото од Охрид и Преспа ќе одекне силно и далеку низ светот

0
By Ivana on July 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно предлогот на португалското претседателство со ЕУ за решавање на прашањето со Бугарија, а којшто се однесува на јазикот, е тоа прашање да се реши со две унилатерални изјави, и на Северна Македонија и на Бугарија, појасни денеска во Охрид шефот на дипломатијата Бујар Османи, за тоа што содржи предлогот на претседателството со ЕУ во однос на македонскиот јазик.

-Од Северна Македонија се очекува само да се потврди фактот дека јазикот е кодифициран во 1945 година, без други формулации. Додека на самата меѓувладина конференција Бугарија би дала своја унилатерална изјава со свои погледи кон јазикот и ние би имале наша еднострана унилатерална изјава, а ЕУ само ќе забележи дека има две унилатерални изјави, односно два различни става во однос на тој процес, рече Османи.

Според него, тоа е креативното решение што може да ги задоволи и да ги адресира сензитивностите на двете страни по однос на ова прашање и предлогот на претседателството, што ќе продолжи да се разгледува и во рамки на словенечкото претседателство, додавајќи оти тоа е единствениот предлог којшто е функционален на маса.

Османи изрази задоволство и дека во последните комуникации има и прогрес помеѓу страните по однос на дефинирање на патоказот.  

–Во Софија беа разменети идеи по однос на содржината на патоказот. Потврдувам дека тоа што точките во јавноста се спомнуваат, се елаборираат се тие што ги разговараме за патоказот, но не разговараме билатерално за идентитетските атрибути бидејќи тие не се прашања што се предмет на билатерални спорови, рече Османи во однос на тоа што било разговарано на средбите на владината делегација за време на посетата на Софија на 17 јуни.

Повтори дека за прашањето за јазикот и идентитетските атрибути никогаш не е разговарано на билатерална основа.

-Тоа прашање единствено го третира предлогот на претседателството. Во Софија разговаравме, разменувавме идеи за содржината на патоказот и точките коишто ги има во јавноста и пораките од Бугарија што јас ги интерпретирав како позитивен одговор на тие предлози е таа содржина на патоказот. Меѓутоа, предлогот на претседателството е тоа што дефинира каде тој патоказ би бил сместен, рече Османи.

Османи информираше дека денеска на едно место имаме претседатели на држави, премиери, повеќе од 20 министри, не само од регионот, туку од цела Европа и САД. Повеќе од 100 странски новинари кои го покриваат настанот, што зборува за важноста на истиот и во тој контекст нагласи дека ехото од Охрид и Преспа ќе одекне силно и далеку низ светот.

-Охрид не случајно е избран за место на одржување на овој настан, кој носи двојна симболика. Тука бевме пред 20 години, кога се потпиша историскиот Охридски рамковен договор, кој ги постави темелите и го отвори патот за следните два договора што дојдоа подоцна, Преспанскиот со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија. Ние изградивме ваква платформа врз основите на трите договори, впрочем тоа се темелите и трите пресвртници на нашиот пат кон градење на нашата модерна, демократска држава, а заедничкиот именител на трите договори е тоа што сите се постигнати преку дијалог. Токму тие ја презентираат нашата автентична приказна и служат како инспирација за воспоставување на дијалогот во Преспанскиот форум, како платформа за унапредување на помирувањето, градење, доверба и политички дијалог, истакна Османи.

Министерот информираше дека на форумот ќе преовладуваат теми за дипломатијата за меѓународните односи, геополитичката реалност и современи предизвици, дека ќе се направи обид да се најде начин да се вметне делот што недостасува и да ја направиме Европа целосна, што впрочем е темата на оваа конференција, да се разговара за европското парче кое недостасува.

 

Бујар Османи Охрид Преспа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.