Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: ЕУ го зачува кредибилитетот во последен момент

0
By Соња Крамарска on August 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 31, 2022 09:28

Во рамки на учеството на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше свое обраќање на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен?“, заедно со заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар; министрите за надворешни работи на Косово, Доника Гервала Шварц, Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и БиХ, Бисера Турковиќ; специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово и други регионални прашања, Мирослав Лајчак; високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје.

Панелистите дебатираа за иднината на Западниот Балкан, која е поврзана со европските и евро-атлантските структури, особено во светло на новата геополитичка реалност, актуелните безбедносни ризици кои произлегуваат од руската агресија врз Украина и нужноста од ефектуирање на проектираната амбиција на ЕУ како глобален актер.

Министерот Османи во својот настап се осврна на долгоочекуваниот почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, кој го отвори патот за финалната фаза од пристапувањето во ЕУ, за кој државата, без сомнение, е подготвена веќе 17 години.

„Денес сум привилегиран и среќен што претставувам земја, која конечно преговара со ЕУ и морам да кажам дека кредибилитетот на ЕУ во регионот е зачуван во последен момент. Секако, не се согласуваат сите во Северна Македонија или пошироко надвор од Северна Македонија, велат дека моравме да платиме висока цена за почеток на пристапните преговори, но како што реков неодамна, времето ќе покаже дека оваа одлука била правна, стратешка и уште еднаш покажа дека Северна Македонија покажува континуирана будност кон дијалогот, кон културата на компромис, кон стратегиското одлучување и регионалната одговорност “, истакна Османи. (Р.Н.)

Бледски стратешки форум Бујар Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.