Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ќе претседава со ОБСЕ под мотото „Се работи за луѓето“

0
By Соња Крамарска on January 4, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СВЕТ
Од денешниот брифинг на шефот на дипломатијата со медиумите
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како претседавачи со ОБСЕ влегуваме со мотото „Се работи за луѓето“ (It’s about people), бидејќи на крајот луѓето се големите консументи и корисници на сето тоа што ние го правиме во политиката, истакна денеска на брифигот со новинарите шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

„Во политиката ние некогаш сметајќи дека се занимаваме со голема политика, со големи иницијативи, со големи интереси, забораваме дека на било која позиција, дали на нашите национални влади, меѓународни организации, остануваме да делуваме цел ден за луѓето, за да се намали страдањето на луѓето пред се во конфликтните региони, за да се олесни на луѓето, за да може да се интегрираат, да се рехабилитираат. Имајќи го предвид ова наше искуство, преку нашата ОБСЕ мисија, сметавме дека ако некој знае што значи улогата на ОБСЕ на терен и нејзините инструменти – тоа сме ние. И затоа рековме дека пораката што ќе ја испратиме преку нашето претседавање е преку тие состаноци на Постојаниот совет во Виена е дека „да, вие мислите дека правите голема политика, но на крајот луѓето се големите корисници на сето тоа што ние го правиме“, рече Османи.

Тој подвлече дека за нас како претседавачи на ОБСЕ е важно што како мала земја во тежок период што ја има првата мисија на ОБСЕ за да спречи конфликт, за да рехабилитира постконфликтно е мисија што се уште е активна. Нагласи дека денес созреваме во земја што може да ја води и да ја предводи целата организација.

„Од консументи на услугите на ОБСЕ, стануваме претседавачи на организацијата. Тоа што го постигна Северна Македонија внатре, преку мултиетничката функционална демократија, мултиетничките односи, културата на дијалог што го наметна, културата на компромис, добрососедските односи, сето тоа создаде имиџ кај државата, а со тоа и препознавање во меѓународната заедница дека ние сме сега зрели за да можеме тоа наше искуство во тоа наше созревање, сега да го пренесеме во регионот на ОБСЕ преку претседавањето со ОБСЕ“, рече Османи.

Тој повтори дека за земјава е голема чест што 56 земји-членки на ОБСЕ гласаа едногласно за Северна Македонија да биде претседавач на ОБСЕ, имајќи предвид, како што рече, дека за наредната година нема одредено претседавач затоа што не може да се постигне консензус за наредната година, а имаше консензус за одлуката за Северна Македонија.

„Нашето претседавање се случува во една од најтешките години за ОБСЕ. После 50 години се случува една земја учесничка да ги урива основните принципи и основните столбови не само оние на кои што почива организацијата, туку и целокупната безбедносна архитектура врз која почива мирот во Европа, Русија ги поткопува тие столбови и тие принципи преку агресијата во Укриана а со тоа доведувајќи до голем број на последици врз луѓето во тие региони“, истакна Османи.

Тој потсети дека токму во Скопје во 1992 е отворена првата теренска мисија на ОБСЕ, за спречување на прелевање на конфликтот од БиХ.

„Тогаш и почнува отворањето теренски мисии, за потоа организацијата да ја има улогата на превенција на конфликти, па се вклучува во делот на менаџирање на конфликти и има сеопфатна димензија на безбедноста“, посочи Османи.

Извор: МИА

Бујар Османи ОБСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.