Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Македонците не треба да се чувствуваат загрозени од Законот за употреба на јазиците

0
By Нова ТВ on January 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 17, 2019 16:43

Вицепремиерот Бујар Османи коментирајќи го Законот за употреба на јазиците рече дека Македонците не треба да се чувствуваат загрозени од овој Закон, затоа што нема да има ниту еден документ во службена употреба во кој ќе го нема македонскиот јазик.

„Законот ќе овозможи граѓаните да комуницираат со државата на свој јазик, да можат да се разбираат. Кога имате граѓани кои ја разбираат државата и државата ги разбира нив, имате интегрирани и лојални граѓани. Ова само ќе ги зближи Алабнаците со државата“ рече Османи.

Тој денеска ги потпишал првите документи на два јазици, и кажа дека побарал странска помош за логистика, но и за да се соберат искуства од други држави каде што се применува двојазчиност или тријазичност.

Во однос на реакциите по објавувањето на фотографијата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, каде што симболизираат двоглав орел, Османи вели дека тоа е знак на идентификација дека е Албанец.

„Двоглавиот орел значи порака јас сум Албанец. И тоа е знак на идентификација, ако некому му пречи дека јас јавно се изјаснувам дека сум Албанец, тоа е негов проблем, не мој. Демантирам дека тој знак рефлектира националистички и големоалбански претензии. Кога ќе бидете на Монт Еврест и го правите тој знак, тоа значи дека сте Албанец. Тоа е знак на моето знаме и ако тоа знаме е службено во употреба во Република Македонија и двоглавиот орел е во службена определба и тоа е моето право да се самоидентификувам во согласност со член 48 од Уставот, кој вели дека државата гарантира слобода на самоидентификација на граѓаните од етничките заедници“, рече Османи.

 

 

 

Закон за јазици Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.