Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Рокот за носење на Изборниот законик е 3 февруари

0
By Нова ТВ on January 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи од седиштето на Државната изборна комисија (ДИК) упати порака до сите учесници на претстојните предвремени парламентарни избори за важноста од организирање на фер, демократски и слободни избори, имајќи предвид дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори.

„Овојпат е специфично затоа што некако коинцидира времето на вонредниот извештај што го очекуваме во февруари и одлуката за започнување преговори на пролетниот самит на ЕУ со целата подготовка, па дури и почетокот на кампањата на овој изборен процес, па и оттука потребата, односно важноста овој изборен процес да биде според највисоките европски демократски стандарди со цел да покажеме зрелост како држава која што и ја покажувавме во сите претходни изборни циклуси во последните неколку години. Навистина ние сме европска демократска земја која што заслужува да биде дел и од ЕУ“, рече Османи по средбата со членовите на ДИК.

Османи рече дека секогаш кога ќе дојде во ДИК кажува дека најважно е да имаме фер и демократски избори заради интегративниот процес, меѓутоа, како што истакна, „овојпат е навистина тоа така“.

„Овојпат е навистина така затоа што пресвежа ќе биде во меморијата на сите земји-членки кога ќе се разговара за нас во март, а на 26 март ќе биде четвртиот ден од изборната кампања. Значи секое отстапување, секоја девијација од нормален изборен процес што и доликува на една европска држава ќе биде свежа во сеќавањето на земјите-членки кога ќе ја носат одлуката“, рече вицепремиерот.

На сите учесници во изборите им порача дека одговорноста е на сите и оти е многу поголема отколку за кој било друг процес.

„Треба да покажеме зрелост, да одговориме на таа одговорност. Задоволство ми беше што од ДИК добив информација дека се со сите потребни капацитети за одржување фер и демократски избори па дури ги надминале и одредените технички потешкотии што ги имале во минатите изборни циклуси и дека очекуваат навистина фер и демократски избори“, изјави вицепремиерот.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски истакна дека секој од учесниците треба да си ја земе сопствената одговорност за организирање на изборите и граѓаните слободно да ја изразат својата волја и да излезат на гласање и да го остварат своето право на глас.

Вицепремиерот Османи рече дека на денешната седница на Владата ќе информира за потребата за носење на измените на Изборниот законик, кои се во драфт верзија и сè уште не се во владина процедура. Последната собраниска седница ќе биде закажана на 3 февруари, кажа Османи.

„Пред да дојдам на оваа средба се слушнав со претседателот на Собранието за да прашам кои ни се роковите за пред распуштање на Собранието да донесеме кој било закон и негов став е дека 3 февруари е последната седница на која ќе можеме ние да го поминеме овој закон, така што затоа и денеска разговаравме во детали за овие измени пред се во смисла на имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и за одредени прашања кои особено се однесуваат на кампањата, на плаќањето на кампањата и на одредени можности за гласање на одредена група на граѓани. Роковите се многу кратки. Ние денеска имаме седница на Влада во Штип попладне и со извештај од оваа средба јас денеска ќе разговарам на Влада со цел да дефинираме конкретни рокови и чекори што понатаму од денеска бидејќи очигледно нема многу време за донесување на законот, а тој е многу важен за еден нормален процес“, рече Османи.

Претседателот на ДИК Деркоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со прочистувањето на Избирачкиот список рече дека тој редовно се ажурира, но оти тој никогаш не може да биде идеално чист затоа што тоа е менлива категорија бидејќи секојдневно се менува. Османи и членовите на ДИК договориле средба со техничката Влада за организирање избори, но разговарале и за други логистички прашања.

Бујар Османи Изборен законик Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.