Денешниот изборен ден потврди дека Северна Македонија е зрела демократија. Вториот круг на локалните избори мина во мирна, фер и слободна атмосфера, со помасовна излезност на граѓаните за разлика од првиот круг, истакна Бујар Османи по затворање на гласачките места.
Честитки до сите избрани претставници на локалната власт. Имавме навистина успешни избори. Северна Македонија потврди дека е зрела демократија, земја која не случајно е членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија“, рече Османи.
Тој додаде дека тенденцијата од првиот круг продолжила и граѓаните дале силна поддршка за Зелената агенда на ДУИ.