Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи во Тирана: Треба да имаме место во стратегијата за проширување

0
By Нова ТВ on January 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата на Република Албанија оствари средба со албанскиот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати, со кој разговарале за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, како и предизвиците со кои се соочуваат на патот кон ЕУ.

– Сакаме јасно да истакнеме дека не постои кредибилност на процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, без јасни перспективи за напредок на европските интеграции за Македонија и Албанија, рекол Османи.

Додал дека и Македонија и Албанија заслужуваат соодветно место во Стратегијата за проширување на Европската Комисија, најавена од нејзиниот Претседател Јункер, а која се очекува да биде објавена на почетокот на февруари.

Соговорниците ја отвориле и темата за полноправно членство на Република Македонија во НАТО, за што Османи побара директна поддршка од страна на Република Албанија.

– Македонија и Албанија имаат одлични меѓусебни односи кои очекуваме да резултираат со поддршка и заложба  од страна на Албанија за нашето членство во НАТО, рекол вицепремиерот Османи.

На средбата бил потенциран новиот моментум во кој се наоѓаат земјите од западен Балкан, кој бил оценет од соговорниците како историска шанса за народите на Балканот конечно да ги затворат прашањата за меѓусебна интеграција и да се приклучат на цивилизациските текови на Европа.

– Имаме заеднички предизвик, но и заедничка можност да се приклучиме на современите цивилизациски текови, што претставува исполнување на историската обврска да обезбедиме прогрес и напредок за граѓаните на нашите земји, истакнал Османи.

Покрај средбата со Министерот Бушати, тој имал средба и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, претседателот на Собранието Грамоз Ручи, а треба да се сретне и со претседателот на Демократската партија на Албанија, Лулзим Баша.

Посетата на Тирана е дел од мини балканската турнеја која Вицепремиерот Османи ја започна со посетата на Атина на почетокот на месецов и се очекува  да продолжи со посета на Белград, а потоа и на Софија.

Бујар Османи Бушати Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.