Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Основачи и екс функционери на ВМРО ДПМНЕ го подржаа референдумот

0
By Нова ТВ on September 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основачи и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ повикаа да се гласа на референдумот на 30 септември. Во писмото испратено до  јавноста, тие  пишуваат дека претстојниот референдум е продолжение на првиот од 8-ми септември 1991 и со него ќе се заврши конечното меѓународно етаблирање на Македонија.

„Помина повеќе од четвртина век од независноста на Македонија. Картите кои ги држевме во рака на почетокот и со кои се гордеевме како „единствена Република која прогласи независност без војна“ избледеа, исто како и доктрината „времето работи за нас“.  Се’ уште сме надвор од големите Сојузи во овој дел на светот,  и покрај билатералните признавања од 137 земји, меѓу кои и најголемите, нашиот македонски јазик не фигурира на ниеден начин во Европската Унија. И ниедна од тие земји на меѓународен план не го користи нашето уставно име. Напротив, земји кои не’ признале со уставното име настојчиво ни’ сугерираат да се усогласиме со соседите.

Ние, потписниците на ова писмо, кои имавме среќа да учествуваме во поставувањето на темелите на нашата независна држава, следејќи ја политичката состојба во земјата спроти народното изјаснување на референдумот за зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО  со прифаќање на Договорот со Грција – длабоко сме свесни  за историската важност на крстопатот пред кој сме исправени. Да внимаваме да не направиме грешка НИЕ САМИТЕ! Да се потсетиме која беше целта, идеалот што ги водеше нашите херои – саможртви низ историјата. Кој е аманетот што ни’ го оставија? Слободна, рамноправна и призната од сите ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА! Затоа се гордееме што се изборивме  да ни’ биде понудена и европска и евроатланска интеграција како на кредибилен партнер и сојузник. Тоа беше нашиот сон, кога во утрото на независна Rепублика Македонија се деклариравме за зачленување во НАТО и ЕУ, сметајќи дека тие интеграции го гарантираат опстојувањето и просперитетот на джавата Македонија.

Договорите со Бугарија и со Грција за Македонија значат  нејзина промоција во рамноправна сосетка и членка на НАТО и ЕУ, со регионално и меѓународно ПРИЗНАТ македонски идентитет и јазик.

На писмото се потпишани Љубчо Георгиевски, основач и прв претседател на партијата, Гојко Јаковлевски, основач, Димитар Димитров, поранешен потпретседател на партијата, Марија Јорданова прва претседателка на Унијата на жените, Љубе Бошкоски, поранешен министер, Горан Рафајловски, поранешен амбасадор на РМ во Германија, Љупчо Балковски, поранешен министер, Ѓулистана Марковска, Михаил Пановски, Ристо Јованов,Горан Зафировски и Благоја Чкатровски пратеници во првиот состав на Собранието, Ден Дончев, поранешен генерален секретар на партијата, Васил Гаџовски, Борче Сибиновски, Александар Талески, поранешни пратеници, Ване Цветанов, поранешен директор на Управата за спречување перење на пари, Панте Јангелов, поранешен потпретседател на ОК Виница и Перо Гацов, поранешен член на ОК Кочани.

Актуелниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски најави дека наредната недела партијата ќе донесе одлука за референдумот – дали ќе бојкотираат или ќе повикаат да се гласа против. За ВМРО ДПМНЕ, Договорот со Грција е штетен и неприфатлив.

 

 

ВМРО-ДПМНЕ основачи референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.