Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осомничените од „Трезор“ невидливи за јавноста пред Кривичен суд

0
By Нова ТВ on September 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По четири часа распит во Кривичниот суд, предмалку објектот го напуштија обвинителот Артан Ајро од Специјалното јавно обвинителство а веднаш потоа и адвокатот Никола Додевски.

Обвинителот Ајро не сакаше да сподели детали за текот на распитот ниту сакаше да образложи зошто СЈО побарало изземање на судијата на претходна постапка во случајот „Трезор“.

Адвокатот Додевски на заминување кусо на новинарите им порача дека одговори за барањето на СЈО треба да бараат од обвинителството а на новинарско прашање „Дали неговите клиенти се појавиле на суд“, тој кусо прокоментира „Се разбира дека се појавија.“

Во предметот „Трезор“ СЈО сомничи три лица од УБК и едно од МВР кои преку договори и анекси за набавка на опрема за шпионирање и нејзино одржување го оштетиле државниот буџет за 860.000 евра.

Во текот на повеќечасовниот распит, новинарите не успееја да видат кога осомничените влегоа во судот а кога го напуштија. Сигурно е само дека тие не се појавија на главниот влез на судот, додека останатите влезови беа забранети за снимање поради силното полициско обезбедување за рочиштето за случајот „Диво насеље“.

Претседателот на Основниот суд Скопје, Владимир Панчевски денеска се пожали од односот на Специјалното јавно обвинителство, кое побара изземање на судијата.

„Претседателот на Основен суд Скопје 1  – Скопје во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на судот  не било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства“, пишува во дописот од судот.

Според Панчевски, со ова СЈО дополнително влијаело на одолговлекување на постапките кои тие ги покренуваат до овој суд.

СЈО Трезор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.