Тиаго Силва (32) го продолжи договорот со ПСЖ до 2020 година. Бразилецот пристигна меѓу „светците“ во 2012 година од екипата на Милан, важи за еден од клучните фудбалери на тимот што моментно го води Унаи Емери, во меѓувреме стана и капитен на францускиот клуб од „Паркот на принцевите“.
„Задоволство ми е што ја останувам во ПСЖ. Гордост е да се биде капитен на овој клуб кој во последните две години освои се што можеше во Франција и кој игра во Лигата на шампиони. Има уште многу соништа што сакаме да ги оствариме. Убеден сум дека ќе успееме и ќе продолжиме да ги радуваме нашите фанови“, рече Силва кој досега постигна седум гола во 120 одиграни натпревари за ПСЖ.
ПСЖ е осминафиналист во Лигата на шампиони. Во француската Лига 1 е трет на табелата со три бода помалку од Монако и пет од Ница на лидерската позиција.