НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Остануваат уште шест денови од предизборната кампања

0
By Нова ТВ on July 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичките партии и коалиции кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 15 јули имаат уште шест дена за претставување на своите платформи пред граѓаните. Кампањата завршува на 12 јули на полноќ кога и официјално ќе почне предизборниот молк.

Централниот карван на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ денеска ќе ја претстави својата програма пред граѓаните во Гостивар и во Делчево, додека коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги продолжува своите изборни активности во Лозово, во Свети Николе и во Велес.

Вчерашната презентација на програмата на СДСМ беше насочена, пред сè, кон политиките за младите. Лидерот на партијата, Зоран Заев истакна оти презема обврска за сведување на стапката на младинска невработеност под 17 проценти до 2024 година преку конкретни, ефикасни и структурни мерки. За таа цел, потенцира тој, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за оваа година продолжува со рекорден буџет од 1,3 милијарди денари, но најави неговиот раст и во иднина.

Тој нагласи дека обезбедуваат и директна поддршка на младинското и на женското претприемништво преку грантови во висина од пет до 15.000 евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис.

„Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Ова се пари кои одат директно на сметките на младите, односно повисоки плати за 10 отсто веднаш. Поранешното „Македонско село“ кое е во државна сопственост, го трансформираме во „Старт-ап село“ („Start-Up Village“) кое ќе нуди физички простор за живеење и работа на млади луѓе со започнат или бизнис во подготовка. Мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование продолжува и натаму“, порача Заев.

Тој вчера истакна дека пресудно во коалицирањето со БЕСА била програмата, но и, како што дополни, заедничката тенденција да го збогатат и зголемат концептот „едно општество за сите“. Тој очекува на изборите да освојат доволно пратенички мандати за парламентарно мнозинство и за формирање влада, но не исклучува можноста за разговори и со други политички субјекти кои ќе добијат доверба од граѓаните.

Претставувајќи ја програмата со која ВМРО-ДПМНЕ настапува на претстојните избори, лидерот Христијан Мицкоски вчера од Василево нагласи дека таа е подготвена со сите структури на партијата и со експерти, но и со граѓаните и нагласи за преку илјада проекти што се обврзува да ги реализира по 15 јули.

„Таму ќе најдете поголема просечна плата и како да дојдеме до неа за 25 проценти од тоа што е денес. Таму ќе најдете како до поголеми пензии за најмалку 20 проценти од тоа што е денес. Враќање на старото законско решение кога пензијата растеше два пати годишно, а не како што тоа денес се случува кога едно покачување добија пензионерите поредизборно мислејќи дека изборите ќе се случат во април“, истакна Мицковски.

Таму, вели тој, ќе најдете како до четири милијарди евра инвестиции и како до најнизок данок во Европа од осум проценти и нула данок за секој оној што ќе вработи лице до 29 години.

„Таму ќе најдете намален данок на додадена вредност за угостителите и хотелиерите, најпогодените од Ковид-19, од 18 на 10 проценти заклучно со 2021 година. Таму ќе најдете како до бесплатна партиципација на државните универзитети за студентите за учебната 2020/21 година и најмалку еден универзитет во првите 1.000 во светот. Македонија да биде извозник на знаење наместо извозник на високо образован кадар“, потенцираше Мицкоски, нагласувајќи дека е убеден во одлучноста на граѓаните да го изберат десниот пат.

Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери, пак, на вчерашната прес-конференција пред Владата на која презентираше делови од својата програма, изрази очекување за поддршка од припадници на сите етнички заедници во земјата. Тој најави Виш суд за еднаквост, нова институција, која ќе обезбеди еднаква правда и ќе ги истражува сите сомнителни случаи на етничка дискриминација во судовите, во државната администрација, од страна на надлежните органи, во училиштата и на работа. Презентираше план за еднаква економска преродба со кој, како што кажа, ќе се создадат илјадници нови работни места и ќе се постигне еднаквост и во приватните компании.

Алијансата за Албанците и Алтернатива од Куманово ги повикаа гласачите да ги поддржат на 15 јули и истакнаа дека е време за промени во албанското општество во државата. Тие предвидуваат проекти од повеќе области кои важат за сите граѓани – рамноправен развој во сите средини, водоснабдување, канализации, патишта, целокупна инфраструктура која е неопходна за секојдневното функционирање. Најавија богата политичка платформа, правда, економски развој, квалитетно образование и ставање крај на девијантни феномени, затворање на казина.

За Петар Богојески од платформата „Македонски концепт“, ова е последна шанса за вистински промени. Тој ги повика сите граѓани, особено најразочараните од политиките на двата партиски блока да излезат на гласање. Најдобро е, според него, со гласање за оваа платформа да се внесат во Парламент граѓански пратеници кои ќе ги менуваат работите од корен и без партиска контрола. Енергетските заедници се иновативна мерка која оваа платформа ја предлага.

„Доколку сакате да биде казнета и сменета оваа Влада, а од друга страна да не дозволиме возобновување на бандитизмот од минатото, тогаш гласајте за број 10, бидејќи само ние имаме кредибилитет да не ги дозволиме тие процеси во Парламентот“, порача Богојески.

Партијата „Интегра“ пред гевгеличани вчера вети редуцирање на јавната администрација, нова транспортна стратегија со 956 километри брза железница по која за еден час ќе се стигнува до секоја точка, слободни земјоделско-сточарски зони, но и ништовност пред Меѓународниот суд за правдата во првите 100 дена на Времената спогодба од 1995 година, на Преспанскиот договор од 2018 година и на Договорот со Бугарија.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пак, вчера соопшти дека најдоцна до 24 часот на 9 јули може да се објавуваат резултати од испитувањата на јавното мислење во врска со предвремените парламентарни избори и ги потсети радиодифузерите на одредбите од Изборниот законик за објавување резултати најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите.

Избори 2020 кампања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.