Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Остатоците од Отворен Балкан, закачени на српската локомотива – поставенa на колосекот кон БРИКС

0
By Marija Todorovska on October 29, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 29, 2024 16:43

Колку БРИКС, поточно Русија нуди слобода на избор во меѓународните односи, покажува тоа што  Кремљ, откако Казахстан одби да се приклучи на БРИКС пред самиот состанок, веднаш одговори со санкции за Астана воведувајќи забрана за увоз на овошје и зеленчук.

Драган Мишев / ЦивилМедиа.мк

Откако албанскиот премиер Еди Рама го прогласи „Отворен Балкан“ за „умрен“ и особено по одвојувањето на Албанија и Северна Македонија во преговарачкиот процес за членство во ЕУ, по што Тирана продолжи самостојно со отварање на поглавјата од кластерите, се чини дека композицијата составена од остатокот од членките на иницијативата, по се изгледа надополнета со Република Српска, закачена за локомотивата Србија тргна по друг колосек, во обратна насока од ЕУ, во правец на БРИКС.

Србија веќе подолг време, заглавена во чекалната за почеток на преоворите со ЕУ, кокетира со други форми на здружувања, меѓу кои како најветувачка и се виде БРИКС, каде како еден од основачите и предводниците фигурира „големиот српски пријател“, Питин и неговата Русија. Истовремено, српскиот претседател Вучиќ гаи и присни врски со уште една голема членка (всушност најголемата, според бројот на жители, а во последно време и на економски план) Кина., и со нејзиниот водач Си Џингпин.

Вучуќ, во својот познат стил на седење на две столици истовремено, за да не го навлече гневот на западот, не отиде самиот на самитот на БРИКС во Русија, туку го испрати својот јастреб, потпретседателот на владата на Србија и големиот путинист, Александар Вулин, кој ќе изјави дека Србија ја разгледува можноста за приклучување кон БРИКС, нагласувајќи дека оваа организација на земјите им нуди слобода на избор во меѓународните односи,  и дека тој иднината на Србија не ја гледа во Европската Унија и дека БРИКС за неговата земја станува сериозна алтернатива на ЕУ.

Колку БРИКС, поточно Русија нуди слобода на избор во меѓународните односи, покажува тоа што  Кремљ, откако Казахстан одби да се приклучи на БРИКС пред самиот состанок, веднаш одговори со санкции за Астана воведувајќи забрана за увоз на овошје и зеленчук.

Наоѓајќи се во истата чекална со Србија, со сѐ по неизвесен исход за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, особено по „ладниот туш“ што го доживеа премиерот Мицкоски во Берлин, приклучок на возот кон БРИКС како да фаќа и владата на Северна Македонија, играјќи „топлп/ладно“ со евроинтеграциите, едно изјавувајќи пред странските претставници, а сосема друго пред домашната јавност. Во стилот на „поголемиот брат“ Вучиќ, и следејќи ги насоките од Будимпешта, која иако , како претседавач со ЕУ се понуди да ги испегла разликите меѓу сфаќањата и желбите на Мицкоски за отпочнување на уставни промени, и реалниот услов поставен од ЕУ, и самата е во конфликт со истата таа ЕУ чија членка и претседавач е, и со своето однесување сè повеќе се оддалечува од зацртаните заеднички политики на ЕУ.

За мултиполарноста се почесто зборуваат и некои поранешни функционери блиски на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и претседателката Сиљановска Давкова која, во една изјава успеа како приоритетни цели на државата, покрај евроинтеграциите да ја додаде и мултиполаризацијата, наспроти „апсолвираната“ американизација, вокабулар кој како да го имаат напишано врвните пропагандисти од Кремљ, или е во најмала рака инспириран од изјавите на Путин, служејќи се со речиси исти конструкции.

Се што правиме е враќање назад, во Европа, каде што ни е местото… и глобализацијата не е веќе само американизација, туку мултиполарен свет, гледаме, ќе каже претседатлката во една прилика.

И на социјалните мрежи приврзаниците на владејачката партија, предводени од партиските ботови веќе го поставуваат прашањето за членство на земјава во БРИКС, и наклонувањето на Србија кон него, наиде на широка поддршка и во дел од македонските медиуми, кои нашироко го преземаат и понатаму некритички го шират како клучен настан патувањето на Вулин на самитот на БРИКС и неговите изјави за придобивките од членството во БРИКС.

1 of 5
–+

Ова и не е многу зачудувачки, ако се земе предвид дека и  вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците во владата на Мицкоски, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ учествуваше во 2013 година на Безбедносен форум во Русија, каде обраќање имал и рускиот претседател Владимир Путин. Од објавените фотографии од овој настан, може да се забележи дека Стоиљковиќ бил во друштво на тогашниот директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, и сегашен министер за Русија во српската влада, Александар Вулин, како и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Токму овој последниов фаќа приклучок на композицијата составена од остатоците од Отворен Балкан, јасно ставајќи до знаење дека иднината ја гледа во БРИКС, цврсто уверен дека еден ден Република Српска ќе стане независна држава, посочувајќи го значењето на поддршката од Русија.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа

БРИКС отворен балкан Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.