Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оставката на Борисов ја води Бугарија во политичка криза

1
By Светлана Јовановска on November 14, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 14, 2016 13:14

Бугарскиот премиер Бојко Борисов синоќа даде оставка откако неговата кандидатка за претседател на Бугарија Цецка Цачева ги загуби претседателските избори.

Борисов ја најави оставката пред да бидат соопштение официјалните резултати и по веста дека Цачева освоила сачо 36 отсто гласови.

Нејзиниот противник генералот Румен Радев освои 58 отсто гласови. Радев беше поддржан од социјалистичката партија не е нејзин член.

“Неуспехот на ГЕРБ (партијата на Борисов) е јасен. Граѓаните сакаа да ни кажат, преку гласањето, дека нешто не е во ред. Нашите приоритети се можеби добри но дека очигледно постојат подобри. Најдемократската работа што треба да се направи е оставката”, изјави Борисов синоќа.

Накусо, по овие избори Бугарија влегува во политичка криза. Оставката на Борисов значи дека во земјата ќе има предвремени избори, најверојатно во март 2017 година. Мандат на Борисов беше до 2018 година.

Кој претседател ќе го распушти парламентот?

Уставот на Бугарија предвидува дека претседателот, во овој момент тоа е се уште Росен Плевнелиев, треба да му даде мандат на Борисов, како лидер на партијата која ги доби претходните парламентарни избори, и тој да формира нов кабинет. Но Борисов очигледно нема намера да одговори на овој повик.

Потоа претседателот треба да го даде мандатот за нова влада на втората политичка сила, социјалистите. Но, лидерката на социјалистите Корнелиа Нинова, исто така ја одби поканата.

На новинарско прашање дали прва задача на претседателот Радев ќе биде распуштањето на парламентот, тој синоќа одговори дека се е напишано во Уставот.

Оттука, Плевнелиев ќе мора да именува преодна влада за да се одлучи кога ќе има предвремени избори. Но прашањето е дали тоа ќе биде претседателот Плевнелиев кој го завршува својот мандат или пак новиот Радев кој на функција стапува на 22 јануари 2017 година. Засега се уште не се знае која од овие две опции ќе биде реализирана или можеби Плевнелиев и Радев ќе се договорат за составот на преодната влада.

Бугарскиот Устав предвидува дека претседателот не може да го распушти парламентот во последните три месеци од својот мандат но може да состави техничка влада. Што јасно кажува дека новиот претседател Радев е тој кој ќе ги распише предвремените избори кога ќе стапи на функција во јануари.

Плевнелиев го покани Радев на средба која треба да се одржи денес.

Дали Бугарија се врти кон Русија?

Европските медиуми денес објавуваат дека во Бугарија доаѓа нов про-руски претседател. Но, Радев изјави дека тој самиот тој бил генерал на НАТО и нема намера да ја менува евро-атлантската насока на земјата. Тој вели дека би сакал да има конструктивен дијалог и со Русија и со САД. Негова желба е да се стави крај на руско-западните препукувања и тензии и да се најде решение за конфликтите во Сирија и Украина.

Според Парван Симеонов од Галуп Институтот “меѓународниот контекст ја охрабрува волјата за промени” бидејќи “традиционалните авторитети во Европа се уриваат” а Доналд Трамп најави дека сака да го доближи Вашингтон и Москва.

Освен тоа, ЕУ се наоѓа во егзистенцијална криза, конфронтирана е со брз пораст на популистите и ослабната поради Брегзит.

Во бугарскиот парламентарен систем владата ја дефинира како внатрешната така и надворешната политика. Претседателот е шеф на армијата и ја претставува земјата во странство.

Оттука, аналитичарите во Бугарија не се согласуваат со прогнозите на европските медиуми кои најавија дека со изборот на Радев Софија се врти кон Москва:

“Нема да има пресврт во надврешната политика бидејќи претседателот нема таква моќ”, вели политикологот Антони Тодоров.

Евгени Дајнов, директор на Центрарот за социјална пракса тврди дека изјавите на Радев биле лошо интерпретирани бидејќи тој е про-европски и про-атлантски настроен.

За време на кампањата Радев изјави дека Бугарија им припаѓа на ЕУ и НАТО “но тоа не значи дека Русија треба да биде наш непријател”.

Бојко Борисов Бугарија Румен Радев Цецка Цачева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.