Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оставките на членовите на ДИК пред Собранието

0
By Нова ТВ on December 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 13, 2017 09:25

Собранието на Република Македонија на првата наредна седница треба да ги констатира оставките на членовите на Државната изборна комисија.

Овој состав на ДИК кој имаше мандат од склучувањето на Пржинскиот договор, а со траење до 2020 година, се повлекува по критиките во јавноста за делењето високи бонуси.

На интернет-петиција со која се бараа оставки од деветмината членови на ДИК се потпишаа над 5.000 лица.

Сите членови на ДИК, освен најновиот од партијата БЕСА,  Ермира Асани-Салија, се повлекоа од функциите во овој највисок изборен орган, откако пред една недела американскиот амбасадор обзнани дека членовите на ДИК си поделиле високи надоместоци за својата работа за време на локалните избори и последните неколку изборни циклуси.

Оставка прв завчера поднесе претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, кој на таа позиција беше назначен од редот на експертите, по што следеа оставките од членовите од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев.

Нив вчера првично со оставки им се придружија  и Субхи Јакупи, предложен од ДУИ, и потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, како и членот Атанас Урумов, кои доаѓаат од редот на експертите.

Последни оставка поднесоа членовите на ДИК од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев.

По констатирањето на оставките, во рок од три дена претседателот на Собранието од политичките партии од власта и од опозицијата треба да побара предлози за членови на ДИК. Доколку тоа не се случи, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ја има надлежноста да предложи нови имиња. Собранието треба да распише и оглас за изборот на претседателот и членовите на ДИК.

За изборот на тројцата непартиски членови на ДИК, експерти, треба да се согласат сите партии.

Од ВМРО-ДПМНЕ и официјално најави дека ќе ја бојкотира работата на Собранието, сѐ додека од притвор не се ослободат нивните шестмина пратеници кои се осомничени за нередите во Собранието на 27 април.

Државната изборна комисија има девет члена, претседател, потпретседател и седум членови. Шестмина се избираат на предлог на партиите, а тројца се од редот на експертите. Членовите на ДИК ги избира Собранието со двотретинско мнозинство. Мандатот им е пет години, со можност за реизбор.

 

Дик оставки Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.