Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отава: Марк Карни стана нов канадски премиер по девет години

0
By Zoran Ivanov on March 15, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 15, 2025 10:19

Неколку членови од претходниот кабинет на Трудо остануваат на функција, особено министрите кои директно работеле со администрацијата на Трамп во последните месеци: Мелани Жоли, која останува министерка за надворешни работи, Дејвид Мекгинти, кој продолжува како министер за јавна безбедност, Џонатан Вилкинсон, кој останува министер за енергетика, Доминик Леблан, кој се преместува од финансии во трговија и Франсоа-Филип Шампањ, кој од индустрија преминува во финансии.

Марк Карни, економист и политички „новајлија“, положи заклетва како нов премиер на Канада, ветувајќи дека земјата „никогаш“ нема да стане дел од САД.

Тој официјално ја презеде функцијата денеска, само неколку дена откако беше избран за лидер на владејачката Либерална партија, во време на трговска војна со американскиот претседател Доналд Трамп.

– Знаеме дека со заедничка работа можеме да изградиме повеќе отколку што некој би можел да ни одземе, изјави Карни по свечената церемонија на заклетва.

Карни го заменува досегашниот премиер Џастин Трудо, кој беше на функцијата девет години, откако извојува убедлива победа на партиските избори за нов лидер на Либералната партија минатата недела.

Свечената заклетва на Карни, кој станува 24-тиот премиер на Канада, ја водеше генералната гувернерка Мери Сајмон.

Одговор на „предлогот“ на Трамп за Канада како 51-ва држава

На новинарско прашање за коментарите на Трамп дека Канада би можела да стане „51-ва американска држава“, Карни категорично одговори: Никогаш, во ниту една форма, нема да бидеме дел од САД.

– Ние сме фундаментално различна земја, рече тој, нарекувајќи ја самата идеја „лудост“.

Неизвесност околу датумот за нови избори

Карни не откри дали ќе ги распише предвремените федерални избори, кои сега се закажани за октомври, но најави дека ќе бара „цврст мандат што ќе одговара на времето“.

На изборите, тој ќе се претстави како најдобрата опција за справување со трговската војна што Трамп ја започна по неговото враќање во Белата куќа.

Карни претходно беше гувернер на Централната банка на Канада, како и гувернер на Банката на Англија, и помогна на двете земји да ја стабилизираат својата економија за време на финансиските кризи.

Како прв канадски премиер кој никогаш не бил избран за пратеник, Карни ќе мора да се кандидира за место во парламентот кога ќе бидат распишани изборите.

Први дипломатски потези

Новиот премиер најави дека следната недела ќе патува во Обединетото Кралство и Франција, што ќе бидат неговите први официјални посети во странство.

– Се радувам и на разговор со претседателот Трамп, изјави тој, додавајќи: Ги почитуваме Соединетите Американски Држави. Го почитуваме претседателот Трамп. Тој стави некои многу важни теми на врвот на својата агенда.

Трговска војна и економски ризици

Политичката сцена во Канада во изминатите месеци беше доминирана од трговскиот конфликт што Трамп го иницираше по преземањето на функцијата во јануари, пишува Би-Би-Си.

Карни вети дека ќе ги задржи канадските реципрочни царини за одредени американски производи сè додека Трамп одржува 25 отсто тарифи на канадските стоки што не се опфатени со Договорот за слободна трговија меѓу Канада, САД и Мексико (CUSMA).

Канада е високо зависна од трговијата со САД, а економистите предупредуваат дека канадската економија може да западне во рецесија ако сите планирани американски тарифи стапат во сила, посочува британскиот медиум.

Политичка битка со опозицијата

Главен политички ривал на Карни ќе биде лидерот на Конзервативната партија, Пјер Полијевр.

Пред најавата за нови американски тарифи, Конзервативците имаа предност од 20 процентни поени во некои анкети. Но, сега анкетите покажуваат многу потесна трка.

– Ќе добиеме исти либерални резултати како и досега, изјави Полијевр, критикувајќи го Карни и неговата партија дека за девет години не успеале да ги решат економските проблеми и кризата со животните трошоци.

Полијевр најави дека ако стане премиер, ќе се спротивстави директно на Трамп, ќе воведе контрамерки и „ќе ја врати контролата“.

Либералите ќе се соочат не само со Конзервативците, кои имаат 120 пратенички места во Долниот дом на парламентот, туку и со Блок Квебек, кој има 33 пратеници, и Новата демократска партија (НДП) со 24 места.

Состав на новата влада

Неколку членови од претходниот кабинет на Трудо остануваат на функција, особено министрите кои директно работеле со администрацијата на Трамп во последните месеци: Мелани Жоли, која останува министерка за надворешни работи
Дејвид Мекгинти, кој продолжува како министер за јавна безбедност, Џонатан Вилкинсон, кој останува министер за енергетика, Доминик Леблан, кој се преместува од финансии во трговија и Франсоа-Филип Шампањ, кој од индустрија преминува во финансии.

Лидерот на НДП, Џагмит Синг, ја критикуваше владата на Карни, тврдејќи дека со новите кадровски решенија „нема место за прогресивни либерали“.

Тој го обвини Карни дека ги фаворизира „милијардерите на сметка на работниците“ и критикуваше дека неговиот кабинет нема посебни министерства за жени, млади или лица со попреченост.

 

Влада кабнада карни Нова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.