Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

0
By НОВА ТВ Balaban on October 2, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 2, 2021 11:14

Според Стефоска, иако маските сега се во публиката, улогите не се променети, зашто желбата и потребата да се негува духот, да се осмислува стварноста низ уметност, одново го придвижуваат светот.

Театарот е секогаш жив. Со векови наоѓа волшебни излези од секоја ситуација. По изминатиов период, полн со, досега, непознати искушенија и предизвици, вечерва сме овде заедно. Најдобрата терапија за човештвото е токму уметноста, порача министерката за култура Ирена Стефоска која од сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ го прогласи за отворен јубилејниот, 55-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Поради пандемијата лани не се одржа јубилејното издание.

Според Стефоска, иако маските сега се во публиката, улогите не се променети, зашто желбата и потребата да се негува духот, да се осмислува стварноста низ уметност, одново го придвижуваат светот.

–Изменети сме, но повторно сме заедно. И додека првата слика за театарот, уште од античко време, се двете маски: Талија и Мелпомени, маските се сега меѓу публиката, но улогите не се променети. Желбата и потребата да се негува духот, да се осмислува стварноста низ уметност, одново го придвижуваат светот. Со посебна возбуда и жар, повторното отворање на театрите, го враќа идентитетот на градовите, пулсот на човештвото. За тоа сте заслужни сите што сте на сцената, сите зад овие кулиси, и секако –публиката. Вашата упорност, страст и љубов во овие времиња што ги живееме, се победници во чувањето на здравиот дух и на нашето ментално здравје. „Чернодрински“ на своето отворање ни закажа „Мој термин“. Можеби и не е случајно. Најдобрата терапија за човештвото е токму уметноста, рече Стефоска од сцената на прилепскиот Центар за култура.

На свеченото отворање беа врачени наградите за животно дело на годинашниве добитници: актерите Борис Чоревски и Емил Рубен и на сценографот Крсте С. Џидров.

За добитниците посебна е честа што ги добиваат наградите токму на јубилејното 55-то издание на Фестивалот на кој со децении се присутни во бројни претстави.

-Многу ми е мило што оваа награда ја земам токму сега, на јубилејното 55-то издание на Фестивалот. Околу 30 години сум учествувал на Фестивалот и сакам да и се заблагодарам на прилепската публика која сите овие 55-години го сака, го знае и го наградува театарот. Театарот е разонода и не само во овие тешки времиња од ковидот, туку, воопшто ,во животот и многу е добро да се дојде во театар, да се гледаат претстави. Театарот е мојот живот, би рекол, и додека ме повикуваат, јас ќе играм во претстави. Се чини, театарот полека се буди од овие година и половина и многу ми е мило, изјави актерот Борис Чоревски.

Сценографот Крсте Џидров рече дека четириесетина години доаѓа на Фестивалот со сценографии за претстави.  – Сум соработувал со сите македонски професионални театри и сум добивал награди. Досега сум направил  вкупно 160 сценографии за претстави во земјава и надвор од неа. Посебно ми е драго  што ја добив наградата за животно дело токму на јубилејниот 55-ти Фестивал. За комплетните сценографии заслужни се актерите, режисерите, зашто јас сум човек  „на повик“, да направам сценографија за претстава. И голема е помошта и од техничкиот персонал за правењето на сценографијата. Тоа е тимска работа,  рече сценографот Крсте Џидров.

Наградите ги врачи прилепскиот градоначалник Илија Јованоски истакнувајќи го задоволството што театарските сцени повторно се отворија, а публиката, иако според протоколите во помал број, сепак ќе го има целонеделниот празник на театарот.

Актерите од Македонскиот народен театар од Скопје ја изведоа првата претстава во конкуренцијата за награди. Публиката ја виде претставата „Мој термин“ по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов. Во претставата играа: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски.

Во официјалната програма на Фестивалот кој ќе трае до 8 октомври се 13 претстави на професионалните театри во земјава. Денеска на репертоарот се две претстави. Од 18 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков е претставата „Вечера за глупаци“ од Францис Вебер во режија на Ирена Стеријовска, а во продукција на театар „Комедија“ од Скопје, а од 21 часот на матиччната сцена, прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја изведе „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец.

 

„Војдан Чернодрински“ Македонски театарски отворен фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.