Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оваа недела ќе го донесе клучниот исчекор

0
By Нова ТВ on May 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со Грција се уште нема договор за прашањето за името,  а исчекор се очекува до петок, до кога треба да се случи најавениот телефонски разговор  меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, што треба да биде заокружување на договорената рамка за решението на последната средба меѓу шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас.

– Се уште не е ништо договорено. Како што соопштија министрите Димитров и Коцијас договорени се принципи и начела на договор. Се работи на правно формалниот аспект на самиот договор, следува разговор помеѓу мене и премиерот Ципрас, верувам деновиве, вечерва, утре или до петок. На овој разговор очекувам да направиме исчекор што е многу значаен и затоа ги следиме сите шпекулации во јавноста, изјави вчера премиерот Заев.

-До овој момент не постои никаков договор, велат од кабинетот на грчкиот премиер во одговор на прашањата од опозициската партија, во однос на вчерашните ставови од премиерот Заев и додаваат дека единствено што за сега постои е одлуката од Вселенската патријаршија во однос на името на македонската црква.

– Единствено што постои до овој момент е одлуката на Светиот синод на Вселенската Патријаршија да се спроведе потребното за да се задоволи барањето на премиерот на ПЈРМ за бришење на терминот „Македонија” од името на црквата на нашите северни соседи, пишува во соопштението.

Во одговорот до Нова демократија кабинетот на Ципрас ги повторува позициите на грчката Влада во преговорите за името, јави МИА.

– Предуслов за решение и интеграција на ПЈРМ во НАТО и ЕУ е договор за сложено име со географска или временска одредница, што ќе важи за сите, нешто за што предуслов е и уставна ревизија, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер и на опозициската партија и’ порачуваат дека набргу, доколку постои договор, ќе сфати дека ќе треба долго време да бара некаков аргумент за да не го поддржи договорот.

Повикувајќи се на вчерашните изјави на македонскиот премиер Зоран Заев на прес конференцијата, Нова демократија побара од грчката Влада да одговори дали Ципрас веќе прифатил признавање на македонски јазик и македонски идентитет, дали се повлекол од националната позиција за ерга омнес име и дали веќе се обврзал да дозволи интеграција на Македонија во НАТО, „без да бидат отстранети од Уставот сите неприфатливи иредентистички наводи“

Истовремено со пораките од Заев и Ципрас, претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, порача дека  не е прифатливо решение за името ерга омнес.

– Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

За денеска е закажана средба на Иванов во министерот за надворешни работи Никола Димитров, во врска со последните средби во Њујорк и Брисел.

Според македонската страна во преговорите, ниту едно име не е фаворизирано, а за грчката страна решението ќе биде со име од трите предлози на медијаторот на ООН Метју Нимиц „Република Нова Македонија“, „Република Северна Македонија“ или „Република Горна Македонија“.

За доработка на рамковниот договор во пресрет на средбата на премиерите заседаваат  експертски работни групи од Македонија, Грција и од Обединетите нации.

План во 11 чекори

По постигнување на конечно решение, се предвидени повеќе чекори.

Договорот ќе треба да се ратификува во Собранието пред да се одржи референдум, којшто, според Заев, веројатно ќе биде во септември или октомври.

За усвојување на договорот во Парламентот Заев се надева на големо мнозинство во Собранието заедно со опозицијата. Тврди дека нема ништо тајно и непознато во чекорите за спроведување на договорот и оти тоа се работи што се разговарале на лидерската средба пред неколку дена.

Потоа со допис Грција да го извести НАТО дека го одобрува влезот на Македонија во Алијансата. Следата фаза, на 28 и 29 јуни на Самитот на ЕУ, на Заев и официјално да му биде доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со Унијата, а на 11 и 12 јули на Самитот во Брисел да следува официјална покана за влез во НАТО. Во септември или октомври, да се одржи референдум за името, потоа македонското Собрание да одобри уставна ревизија  по што договорот треба да стигне во грчкиот Парламент на ратификација.

Заев Иванов Преговори за името Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.