Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пад на акциите на азиските берзи, се продлабочува глобалната берзанска криза

0
By Marija Todorovska on April 7, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Акциите на берзите во Азија денеска бележеат остар пад со што се продлабочува глобалната берзанска криза предизвикана од трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тргувањето на јужнокорејската берза беше запрено на пет минути, бидејќи беше активиран прекинувачот за тргување дизајниран да спречи панично продавање.

Јапонскиот индекс Nikkei потона на почетокот на тргувањето на берзата во Токио за повеќе од осум отсто. Тој индекс, што вклучува 225 од највредните компании во земјата, падна под нивото од 33.000 за првпат од август 2024 година.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денеска изјави дека неговата влада ќе продолжи да бара од претседателот Трамп да ги намали царините за Јапонија, но призна дека резултатите „нема да дојдат преку ноќ“.

Владата мора да ги преземе сите расположливи средства за да го ублажи економскиот удар на американските царини, како што е давање поддршка за финансирање на домашните компании и преземање мерки за заштита на работните места, рече Ишиба во јапонскиот Парламент.

Трамп минатата среда воведе општа царина од 24 отсто за Јапонија, инаку сојузник во договорот за одбрана.

Јужнокорејскиот индекс Коспи падна за повеќе од 4,8 отсто кратко по отворањето, а тргувањето беше запрено на пет минути кога беше активиран прекинувачот за тргување дизајниран да спречи панично продавање.

Тајванскиот индекс Taiex падна за повеќе од 9,7 отсто по отворањето. Тргувањето беше прекинато на одредено време со акциите на две од водечките извозни компании во Тајван, TSMC и Foxconn, откако нивните цени потонаа за речиси 10 отсто.

Австралискиот берзански индекс ASX 200 падна за 6,3 отсто во утринската трговија, а новозеландскиот NZX 50 загуби уште 3,5 отсто.

Цените на акциите во Хонг Конг и Кина, исто така, паднаа денеска – индексот Ханг Сенг во Хонг Конг падна за осум отсто во почетокот на тргувањето, а акциите на онлајн гигантите Алибаба и Тенсент паднаа за повеќе од осум отсто.

Кинескиот индекс CSI300 падна за 4,5 отсто. Кина се соочува со американски царини од над 50 проценти.

Азиските пазари ги следат најлошите дводневни перформанси на акциите на Волстрит во последните пет години. Покрај бришењето на американските акции во вредност од речиси шест трилиони долари во четвртокот и петокот, фјучерсите на американските акции паднаа и синоќа.

Американскиот индекс S&P 500 падна за 17 отсто од рекордното ниво во петокот, а доколку падне за 20 отсто под рекордното ниво, влегува во „мечкин пазар“, што е застрашувачки знак за инвеститорите, а можеби и за пошироката економија.

Продолжувањето на хаосот на берзите следеше откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа пред новинарите изјави дека „не сака ништо да падне, но понекогаш треба да пиете лекови за да поправите нешто“, а исто така рече дека нема да склучи договор со Кина додека не се реши трговскиот дефицит на САД.

Азија акции берза криза Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.