Кристијано Роналдо и Реал Мадрид ги усогласија условите за нов договор според кој Португалецот ќе остане во шпанската престолнина до 30 јуни во 2021 година. Потпишување на соработката е најавено за утре во претседателската ложа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во присуство на првиот човек на клубот, Флорентино Перез. Актуелниот истекуваше во 2018 година, финансиските детаљи за новиот сè уште не се познати.
Роналдо пристигна во Реал Мадрид во 2009 година од Манчестер јунајтед. Од тогаш одигра 360 натпревари за „кралскиот“ клуб и постигна 371 гол. Освои по две титули во Примера, во купот на Кралот и во Лигата на шампиони и по една во шпанскиот Суперкуп, во европскиот Суперкуп и на светското клупско првенство.