Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Падна нов скалп на Ју-Ес опен: Севастова ѝ пресуди на Шарапова

0
By Нова ТВ on September 3, 2017 СПОРТ
Фото: usopen.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Анастасија Севастова (27) по втопат во низа ќе игра четврт-финале на Ју-Ес опен. Летонската тенисерка, која во Њујорк е рангирана како 16 носителка, а на ВТА листата е на 146 место, во четвртото коло ја порази Марија Шарапова со 5:7, 6:4, 6:2. Нејзина наредна противничка ќе биде Американката Слоун Стивенс која, пак, во три сета ја елиминира Јулија Гергес со 6:3, 3:6, 6:1.

Шарапова овојпат нагази на мина на Флешинг Медоу. Летонката од Лиепаја одигра брилијантен тенис и заслужено се проби меѓу најдобрите осум на турнирот. Почна нервозно, но како одминуваше мечот го наоѓаше мирот што не успеа да ѝ наруши Русинката со тајм аут за тоалет во третиот сет. Одбрани три меч топки, бекхендот за спас и на четвртата заврши во аут и по два часа и 16 минути мораше да и подаде рака на Севастова.

Дел од провизорните прогнозите за евентуално изненадување укажуваа дека Севастова ќе мора да освои повеќе од 60 отсто поени по прв сервис ако сака да се надева на успех против Шарапова. Во третиот сет, кога ѝ беше најпотребно, таа запиша дури 78 отсто. Беше неспоредливо поуспешна и во играта на мрежа. Шест од седумте излегувања ги реши во своја полза наспроти 11. што ги прослави Русинката во 30. „излети“.

Стручниот тим на Севастова покажа дека одлично ја скенира Шарапова и постави соодветна тактика. Покрај напад со сервис, се инсистираше и на што подлабоко држење на руската тенисерка во нејзиното поле. Такви и беа и најголем дел од ритерните на Летонката, особено во третиот сет во кој во 57 отсто од нападите ја гаѓаше основна линија или околу (36 отсто беа поени), а 43 отсто од вратените топчиња беа „поплитки“ (34 отсто беа поени).

Севастова искористи и пет од шесте брејк прилики за разлика од Шарапова која имаше половичен ефект (3/6). Русинката освои 42 директни поена, а Севастова двојно помалку (21), но најголемата разлика отпаѓа во графата од статистиката насловена како неизнудени грешки. Летонката направи само 14 додека Шарапова дури 51 што е една од клучните причини за конечниот исход, се разбира, заедно со одличниот перформанс на 27 годишната тенисерка од Балтикот.

Ју-Ес опен – натпреварувачки ден 7

Жени, осминафинале

Севастова (16., Летонија) – Шарапова (Русија) 5:7, 6:4, 6:2

Стивенс (САД) – Гергес (30., Германија) 6:3, 3:6, 6:1

Мажи, осминафинале

Карено Буста (12., Шпанија) – Шаповалов (Канада) 7:6, 7:6, 7:6

Анастасија Севастова Ју-с опен Марија Шарапова тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.