Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Падот на СЈО и „Рекет“ не турнаа кон дното во перцепција на корупција

0
By Нова ТВ on January 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 23, 2020 15:28

Перцецијата за корупција, која се дефинира и како злоупотреба на доверената моќ, повторно ја турна Македонија кон европското дно. Во годишниот извештај на Транспаренси Интернешнл за 2019 кој рангира 180 држави од целиот свет според нивото на перцепција на корупција во јавниот сектор, ја постави Македонија на ниското 106. место, 13 позиции подолу од минатата година. Од вкупно 100 можни поени, каде 0 поени значи највисок степен на корупција, а 100 најнизок, Македонија освои само 35 поени.
Заедно со Албанија која исто така има само 35 поени сме меѓу последните земји во регионот. Словенија стои најдобро – таа е на 35. Место. Хрватска е 63-та, Црна Гора 66, Бугарија 74, Србија 91, а Косово и Босна и Херцеговина се на 101 место.


Она што треба да се нагласи е дека индексот на перцепција на корупцијата ги бодува и рангира одделните земји врз основ на проценетата корупција во јавниот сектор на државата, од страна на експерти и бизнисмени.
Падот на оценката, според експертите загрижува, бидејќи не враќа на нивото пред изборите и пред промената на власта во 2016 година. Во 2018 година државава беше на 93. место со 37 индексни поени, додека во 2017 година бевме рангирани на 107. позиција.


Претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија, Слаѓана Тасева, вели дека оваа година Македонија наместо напредок, покажува регрес.

„Резултатите се формираат на основа на показателите за последните две години, што ќе каже дека оваа година се вративме на нивото пред изборите и пред промената на власта во 2016 година. Оваа порака треба да не загрижува и сериозно да се побара и да се очекува промена на барањата од политичките субјекти пред изборите во април. Во годините што претстојат неопходни се натамошни суштински реформи во сферата на борбата против корупцијата“, потенцира Тасева.

Очигледно е дека оценката изразува некаков моментум во општеството, во кој граѓаните стануваат сѐ почувствителни на корупција. Но на што точно се должи тоа?
Овој надолен тренд, вели Тасева, го гледаме уште до 2012 година и порано, во борбата против корупцијата и убедливо сме на најниската позиција од сите држави и во регионот.

„Минатата година коментиравме дека резултатот бележи подобрување под влијание на перцепцијата за работењето на СЈО или под влијание вербата и довербата што граѓаните ја имаа во работењето на таа институција. Денес резултатите покажуваат дека довербата во институциите во јавниот сектор, во политиката повторно значително се намалува“, истакна Тасева.

На новинарско прашање дали случајот „Рекет“ имал одредено влијание врз индексот, Тасева одговори дека целата ситуација околу намалување на ефектите од работењето на СЈО и губењето на доверба сигурно има влијание, затоа што дел од тие резултати или анализи се правени во текот на 2019 година. Мерките кои се преземаат односно кои се презентираат дека се преземаат за борба против корупцијата, оцени таа, не се реални, не се вистински, не се објективни и не даваат никаков резултат. Во однос на улогата на Државната комисија за спречување на корупцијата, Тасева смета дека таа сама по себе не може да даде ефект, бидејќи не и се дадоа доволно ресурси за да може да работи. Од нивните одлуки, посочи, нема никаква реакција понатаму, никој не ги спроведува.
„Фрустрацијата со Владите и корупцијата во политиката, како и недостатокот на доверба во институциите, зборува за потребата од поголем политички интегритет. Оваа порака уште повеќе добива во сила кога се наоѓаме пред избори и посебно треба да ја упатиме и граѓаните да разберат дека од политичарите и од политиката треба да побараме повисок интегритет, повисока одговорност и отчетност доколку сакаме проблемот со корупцијата во нашата држава да се намалува“, рече Тасева.
Главната препорака од Транспаренси Интернешенл е дека треба да се менаџира и контролира судирот на интереси, да се контролира финансирањето на политиката, да се зајакне интегритетот во политиката и да се сузбива повластениот третман во сите сфери.

„Да се зајакне и потребата од проверка и контрола, да нема недопирливи, како што има денес недопирливи за било каква реакција од било кого или пак за реакција од судските власти или за санкционирање. Ова се препораки што денеска се релевантни и валидни на светско ниво“, потенцира Тасева.

Македонија година и половина немаше функционална Антикорупциска комисија, па нејзиното формирање на досега најтранспарентен начин го врати оптимизмот во битката против корупцијата.
Според претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, смета дека главниот збор во однос на корупцијата и нејзината перцепција во општеството ја има оној што пресекува.

„Ако правосудството си ја заврши работата со ефект, тогаш и перцепцијата за корупцијата ќе биде поинаква“, вели Ивановска.

Според неа доколку случајот „Рекет“ се расчисти на транспарентен начин може да се подобри перцепцијата кон ова општествено зло.

„За жал, ни се случи тешка и лоша работа минатата година, случајот ‘Рекет‘ кој многу придонесе да се влоши перцепцијата за корупцијата во нашата држава. Добро е што се работи на овој случај, а уште подобро ќе биде ако се сработи, па луѓето малку да ја променат перцепцијата, да ја зголемат довербата во институциите“, изјави Ивановска, одговарајќи на новинарски прашања пред годишната конференција во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција“.

Оценка на Ивановска е дека, сепак, бележиме некаков напредок. Лани бил историски најголем бројот на претставки од граѓаните до Антикорупциска комисија што покажува зголемување на јавната свест, а исчекор е забележан и во работата на институциите иако тука има уште многу простор за подобрување.
И овој извештај на Транспаренси Интернешнл, според експертите, покажал дека системската корупција ја засилува социјалната нееднаквост секаде во светот, што води до разочарување на народот од политичкиот естаблишмент и до создавање плодна почва за подем на политичари популисти. И оваа година Нов Зеланд и Данска се наоѓаат на првото место со 87 поени, трето место е Финска со 86, а потоа следат Швајцарија, Сингапур и Шведска со 85 поени. Сомалија повторно се наоѓа на дното на индексот. Потоа следат Јужен Судан, Сирија и Јемен.

Корупција перцепција Транспаренси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.