НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паѓа популарноста на Макрон, младешкиот изглед скапо ќе го чини

0
By Нова ТВ on August 27, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Французите немаа поим дека младешкиот изглед на нивниот претседател, Емануел Макрон, ќе ги чини толку многу пари. Имено, магазинот Ле Поинт откри дека тој само за три месеци откако влезе во Елисејската палата, потрошил 26.000 евра за одржување на неговиот убав тен, свеж изглед и уредна фризура. Толку е платено од државниот буџет за мејк ап на стилистот кој се грижи за изгледот на Макрон.

Елисејската палата потврдила дека најмладиот француски претседател поради тоа да изгледа поубаво на прес конференции и патувања, секога морал до себе да има козметичар, а тоа француските граѓани ги чини речиси 6.500 евра месечно.

Интересно е дека Макрон посебно се средувал за средбите со политичарите како Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин или германската канцеларка Ангела Меркел, кои се неколку децении постари од него.

Оланд и Саркози трошеле повеќе од Макрон

Затоа логично е да се постави прашањето, зошто младешкиот изглед на претседателот, кој по природа на работите изгледа далеку подобро од повеќето светски лидери, потрошил толку многу на разубавување. Еден од неговите соработници изјавил дека трошоците за козметички третмани на некои може да им изгледаат многу големи, но всушност тие се многу помали од неговите претходници.

Така на пример, поранешниот социјалистички француски претседател, Франсоа Оланд, кому многумина му се смееја бидејќи во Елисејската палата вовел „шампонски социјализам“ им плаќал на козметичарите и фризерите по 9.895 евра месечно. Дел од јавноста сепак донекаде имаше разбирање за трошоците за разубавување на некогашниот претседател Николас Саркози.

Неговата сопруга, Карла Бруни, беше далеку помлада, а покрај тоа и уште преубава глумица и пејачка, па не беше чудно што трошеше по 8.000 евра месечно на одржување на одржување на својата виталност и привлечност. Но, од Елисејската палата веднаш беше сооптено дека козметичките сметки на претседателот во иднина ќе бидат значително намалени.

Макрон ги повикува Французите на радикално штедење

За споредба, поранешниот британски премиер Тони Блер, за шест години од својот мандат потрошил 1.800 фунти пари од буџетот на своите фризери и козметичари. Откако е објавено дека Макрон потрошил мало богатство на шминка и разубавување, сите со нетрпение чекаат како француската јавност ќе реагира кога нивниот претседател ќе ги повика на радикално штедење и ќе претстави радикални и сеопфатни промени во француските закони за работни односи. Опозицијата и синдикатите веќе најавија дека нема да седат со скрстени раце и да гледаат како се намалуваат права и платите на работниците, и дека никакво штедење не може да биде оправдано за укинување на речиси светиот француски работнички кодекс.

Популарноста радикално му се намали

Освен тоа, владата на Макрон најави уште многу други непопуларни мерки на штедење за да го намали државниот долг кој изнесува 9 милијарди евра. Ќе биде исто така интересно да се види како на тоа ќе реагираат студентите и семејствата со ниски приходи откако владата ќе им ги укине субвенциите за станарини.

Поради тоа, но и поради намерата својата сопруга службено да ја прогласи за Прва дама на Франција, што јавноста со индигнација го одби, популарноста на Макрон драматично падна. Додека во април имаше поддршка од 57 отсто од граѓаните, сега неговата политика ја поддржуваат се на се 37 проценти од гласачите и поради тоа на почетокот на мандатот стана еден од најнепопуларните претседатели.

Емануел Макрон Франсоа Оланд Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.