Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пахор: Им честитам на Заев и на Ципрас за историскиот договор

0
By Нова ТВ on December 4, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: АНА МПА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 4, 2018 13:18

Сакам да им честитам на премиерите на двете земји, Ципрас и Заев за договорот од истриско значење, вели словенечкиот претседател Борут Пахор во интервју за грчкиот весник „Катимерини”, јави МИА од Атина.

Тој коментира дека Договорот од Преспа е важно достигнување и важен чекор во правилна насока не само за двете земји туку и за целиот регион,  а паралелно изразувајќи надеж дека ќе се имплементира.

– И двете страни имаат голема одговорност за да се имплементира и се надевам дека напорите на Владата во Скопје ќе донесат соодветен одговор од Грција. Договорот, исто така, отвора врата за една подобра, корисна соработка и пријателски односи меѓу двете земји, факт што ќе биде во корист и на двете страни, вели Пахор во интервјуто и додава дека Грција треба да има важна улога во обезбедувањето просперитет и стабилност во регионот.

Словенечкиот претседател истакнува дека договорот е важен и за целиот Западен Балкан „бидејќи го отвора патот за земјата, чие ново име ќе биде Северна Македонија, за интеграција во ЕУ и НАТО”. А со тоа, според него, се создава нов моментум во процесот на пршоирување на ЕУ.

Пахор вели дека не знае дали и колку имало странска помош или интервенција во постигнувањето на договорот, но истакнува дека знае дека постигнувањето таков договор било желба на сите оние кои се заинтересирани за стабилност во регионот.

– Брисел, Берлин, Париз и секако Љубљана, се надевавме дека двете земји ќе стигнат до договор и се надеваме дека ќе се имплементира. Поради ова, не ми пречи било каков совет или поддршка што беа дадени за да се постигне овој договор, истакнува претседателот на Словенија, во интервјуто за „Катимерини”, пренесе МИА.

Договор од Преспа Пахор средба Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.