Пешачките патеки се целосно зафатени од паркирани возила што отежнува секаква интервенција за пристап до пожарот кој ги зафати објектите во поранешната фабрика Треска.
Пајак-возила со полициска придружба ги отстранувале возилата, за да може противпожарните служби и итната помош да пристапат до местото на пожарот.
Во овој дел не се внимава и најголем дел од возилата се непрописно паркирани. Тротоарите и пешачките патеки се целосно зафатени од нив што отежнува секаква интервенција во вакви моменти.