Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Панчевски обвини дека истражител на СЈО му го украл клучот од домот

0
By Нова ТВ on October 7, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски , обвинува дека при претресот во неговиот дом, истражител од Специјалното јавно обвинителство му го украл клучот. Тој ова тврдење го темели врз основа на снимка од надзорна камера во неговиот дом, која ја споделил во медиумите.

Судијата Панчевски тврди дека ова видео е најфрапантниот доказ за начинот на кој работи СЈО и притисоците што ги врши врз него но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги.

Според него снимката служи како доказ за криминалот и подметнувањата со кои се служи СЈО.

„Не говорам за вербални закани и физичко насилство, туку за најподмолна конструкција и криминал од времето на УДБА“, вели Панчевски.

Претресот во домот на Панчевски е поврзан со предистражната постапка што ја води СЈО за бизнисменот Љупчо Палевски, а налогот за претрес во неговиот дом во Скопје доаѓа од гевгелискиот суд.  Според него, наредбата за претрес е за кривичните дела незаконско прислушување и уцена и го спори тоа што е издадена од гевгелискиот суд.

Од СЈО објаснуваат дека водат предистржана постапка за три кривични дела.

Истражители и обвинители од тимот на Катица Јанева со полициска асистенција, завчера извршија претрес во канцелариите и домовите на тројца осомничени, меѓу кои и поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски.

Јанева изјави дека не може да потврди, дали поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, тајните податоци од судот му ги давал на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов и додава дека тоа што го барале, било најдено во канцелариите и домовите и било одземено.

„Тоа на кого му биле предавани тајните податоци, не можам да потврдам. Откако ќе бидат анализирани податоците, во интерес на нашите постапки, ќе бидете известени. Тоа не можам да го потврдам, тоа се само шпекулации и претпоставки“, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

 

АКМИС Владимир Панчевски претрес СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.