Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски од Кривичниот оддел е прераспределен во Одделот за прекршоци, потврди новиот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев, објави МКД.мк.
„Tочно е дека Панчевски е прераспределен во Одделот за прекршоци, тоа можам да ви го потврдам. Околу причините дополнително ќе бидете известени за краток временски период“, ни изјави претседателот Џолев.
Панчевски не сака да коментира на новиот распоред во судот.
Согласно годишниот план кој беше изготвен и поднесен од сега веќе поранешниот в.д. претседател Стојанче Рибарев, Владимир Панчевски освен истраги требаше да раководи и со Кривичниот совет.