Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандев за Академија Пандев: Прво стабилен прволигаш, потоа и во Европа

0
By Нова ТВ on June 27, 2017 СПОРТ
Фото: fkakademijapandev.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опстанок во Прва лига во дебитантската сезона, постепено пуштање корени во неа и насочување на курсот кон Европа, изградба на тренинг центар кој е во фаза на реализација и сопствен стадион за играње на мечевите како домаќин и потпирање на млади играчи. Ова се амбициите и плановите на Академија Пандев, клуб чиј сопственик е капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев и кој наесен за првпат ќе заигра во елитното домашно фудбалско друштво.

„Постигнавме голем успех со пласманот во Прва лига, но немаме намера тука и да застанеме. Среќни сме што ја исполнивме целта по седум години од формирањето. На почетокот инвестиравме многу во млади категории, по некоја година направивме и прв тим што ќе биде од елитата. Амбиција е да бидеме стабилен прволигаш, а од нашиот проект да има корист и националниот тим“, рече Пандев на денешната прес-конеференција во Скопје на која, меѓудругото, беше претставен и новиот дизајн на дресови и лого на клубот.

Меѓу новините во најава е „Куп Горан Пандев“ што треба да стартува од 2018 година потоа „Горан Пандев камп“ (во план е организација во Скопје, во Струмица и во Охрид) и формирање на младински школи низ цела Македонија за што досега има договори за Тетово, за Гостивар, за Куманово, за Гази Баба и за Илинден.

Академија Пандев од утре почнува со подготовки за новата сезона. Првата фаза ќе биде одработена во Струмица, за втората ќе следува преселба во Банско, Бугарија, каде се договорени и шест пријателски натпревари. На екипата и пристапија Чешмеџиев и Вујанац, а ја напуштија Деспотовски, Начевски, Николов и Багажовски. Своите натпревари како домаќин, тимот ќе ги игра на стадионот „Младост“ во Струмица или на „Кукуш“ во Турново до финиширање на сопствениот стадион.

Академија Пандев Горан Пандев Прва лига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.