Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папајоану: Се надеваме дека набргу ќе се свика првата меѓувладина конференција ЕУ-Северна Македонија

0
By НОВА ТВ on September 15, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 15, 2021 15:24

Надеж дека набргу ќе свика првата меѓувладина конференција ЕУ – Северна Македонија, како и поддршка за европската перспектива на нашата земја, но и на останатите од регионот, изрази портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаде дека интеграцијата на Западен Балкан, за Атина, е пат во една насока, бидејќи е „во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот, како на регионот, така и на Грција“.

-Грција ја подджува интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, со исполнување на познатите услови и се надева дека најбргу што може ќе се свика првата меѓувладина конференција ЕУ- Северна Македонија. Би сакал да истакнам дека континуирано и интензивно работиме, заедно со други земји членки на Унијата, како што се Романија, поранешната земја претседавач Португалија и сегашната земја претседавач Словенија за зајакнување на европската перспектива на Западен Балкан, истакна Папајоану.

На прашањето на дописничката на МИА од Атина, за детали околу овие активности и дали во овој контекст се планирани конкретни иницијативи, портпаролот на грчкото МНР, објасни дека Грција, лани во јануари го покренала прашањето Западен Балкан одново да се најде на агендата на Унијата, додавајќи дека во мај првпат се дискутираше по пауза од една-една и пол година и сега со словенечкото претседателство одново било потенцирано конкретното прашање во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

-И за време на посетата на Северна Макдонија, Дендиас, јасно повтори дека ја поддржуваме европската перспектива. Тоа беше едно од основните теми за кои Дендиас разговараше со сите негови соговорници во Скопје. Секако, рековме дека ние сме подготвени да продолжиме да ѝ помагаме и ѝ да нудиме на Северна Македонија било каква техничка помош во нејзината европска перспектива. Ова е нешто што со задоволство беше прифатено од Северна Македонија. Им рековме дека сме на ваша страна, сакаме да ви помогнеме, да продолжиме со помошта, која е од 2012 година, рече Папајоану.

Говорејќи за посетата на шефот на грчката дипломатија на Скопје, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција рече дека станало збор како за билатералните односи, така и за Договорот од Преспа.

-Во Скопје, детално беа разгледани билатералните односи во целина, како и перспективите за нивно дополнително зајакнување. Секако од грчка страна беше потенцирано дека целосното, доследното и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа е неопходен предуслов, како за зајакнување билатералните односи, така и на европската перспектива на земјата, истакна Папајоану.

Денешниот брифинг во грчкото МНР беше прв со физичко присуство на акредитираните новинари и странски дописници по пауза од неколку месеци.

Грција Меѓувладина конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.