Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папата го затвора Скопје: Строг режим за сообраќај и движење на пешаци низ центарот

0
By Нова ТВ on April 27, 2019 ВЕСТИ
Фото: ilgazzettino.it
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје ќе биде затворен град на 7 мај. Во македонската престолнина доаѓа Папата Франциск, а Координативното тело за организирање на посетата објави посебен режим за сообраќај и движење на пешаци низ централното градско подрачје.

Во скопското централно градско подрачје, поточно појасот „Голем ринг“, на 7 мај од 06 часот до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на сообраќајниците
околу центарот во Скопје. Во овој временски период ќе се формира „Рестриктивна зона“ на движење во која за автомобили целосно ќе бидат затворени следните сообраќајници: ул. ,,11 Октомври“ од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин“ до крстосницата со ул. ,,Димитрие Чуповски“, ул. „Даме Груев“, ул. ,,Македонија“, ул. ,,Васил Главинов“, ул. ,,Филип Втори Македонски“, ул. ,,Св. Климент
Охридски“ (адвокатска) и ул. ,,Иљо Војвода“.

Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП „Градски Паркинг“ и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на шести мај по 17 часот и цел ден на 7 мај. Се апелира

До граѓаните кои живеат во централното градско подрачје, во зоната „Голем ринг“, доколку сакаат да ги користат своите возила на ден седми мај, се аплира да ги извадат надвор од Рестриктивната зона ден порано. Во спротивно нема да можат да ги користат за време на посебниот сообраќаен режим од шест до 19 часот на седми мај.

Во временските интервали од 07:30 часот до 09:00 часот, како и од 17:00 часот до 18.30 часот, сообраќајот по бул. „Александар Македонски“ од излезот на Скопје во Автокоманда, кон аеродромот, ќе биде затворен во двете ленти на булеварот и истиот ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници.

На трасата Велес – Скопје, во овој временски интервал, сообраќајот за влез и излез во Скопје ќе се одвива преку трасата Миладиновци – Идризово – Маџари. На трасата Куманово – Скопје, на клучката Миладиновци [кај Рафинерија], сообраќајот ќе се пренасочува кон Обиколницата на Скопје, на која прв дозволен влез во градот Скопје ќе биде на клучката кај Радишани. На трасата Куманово – Велес ќе има куси застои на сообраќајот во двата посочени временски интервала.

До жителите на главниот град се апелира да ги користат услугите на ЈСП што ќе бидат бесплатни во текот на целиот ден како и на железнички превоз кон Скопје за сите граѓани.

За време на апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија, движењето во централното градско подрачје (познато како „Мал ринг“) за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи појасот ќе биде строго обезбедена зона. Тоа значи дека сите граѓани кои ќе пристапат во оваа зона во периодот од 06:00 ч. до 19 ч. на седми мај ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки.

Во зоната „Мал ринг“ ќе се пристапува преку осум влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон плоштадот „Македонија“. Тоа се: влез кај Управен суд на ул. ,,Орце Николов“, влез кај хотел „Мериот“ на ул. ,,Максим Горки“, влез кај кафе „Тренд“ на ул. ,,Димитрие Чуповски“, влез кај Министерство за финансии на ул. ,,Даме Груев“, влез кај Завод за статистика на ул. ,,Даме Груев“, влез кај „Пелагонија“ на ул. ,,Димитрие Чуповски“, влез кај „Порта Македонија“ на ул. ,,11 Октомври“ и влез на предната страна од ГТЦ кон Плоштад.

Пешачките мостови на реката Вардар („Камен мост“, „Мост Око“ и „Мост на уметноста“) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот ,,13 Ноември“ од двете страни на реката.

Движење Папа Франциск посета режим Скопје сообраќај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.