Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Параолимпискиот комитет презадоволен од текот на Игрите во Токио

0
By НОВА ТВ on September 3, 2021 СПОРТ
Фото: bwint.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 3, 2021 10:27

Параолимписките игри во Токио, засега, ги надминаа сите очекувања, порача денеска претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ), Ендрју Парсонс на конференција за новинари во јапонската престолнина.

– Досега беше фантастично. На спортистите им пружаме безбедно опкружување, а истовремено го штитиме и јапонското население. Без исклучок, сите спортисти и официјални лица со кои разговарав ми рекоа дека мораме засекогаш да им бидеме благодарни на Јапонците. Волонтерите се насмеаното лице на овие Игри. Зад заштитните маски можеме да ја почувствуваме нивната насмевка, изјави Парсонс.

Тој како еден од најсветлите моменти на Игрите го издвои доаѓањето на двајцата авганистански спортисти, кои беа евакуирани од Кабул по преземањето на власта во земјата од страна на талибанците.

– Беше апсолутно фантастично да ги пречекаме кога пристигнаа во Токио и да разговараме со Хосаин и Закија, и да се обидеме да разбереме низ што сè поминаа, додаде првиот човек на ИПЦ.

Параолимписките игри, најголемиот светски настан за спортисти со инвалидитет, беа отворени на 24 август и се одржуваат до 5 септември со учество на повеќе од 4.500 спортисти од 163 држави.

Македонскиот претставник на Игрите во Токио е стрелачката Оливера Накоска – Бикова, која досега настапи во дисциплините воздушен пиштол 10 метри (шесто место) и воздушен пиштол микс во класата СХ1 25 метри (деветопласирана), а до крајот на манифестацијата ја очекува и настап во дисциплината пиштол во слободен избор на 50 метри.

Параолимпијада Токио
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.