Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарната група за правата на ЛГБТИ лицата доби награда за „Поддржувач на годината“

0
By Нова ТВ on May 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународниот ден на хомофобија, трансфобија и бифобија 17 мај, од независноста на државата за прв пат се одбележа и во Собранието, а наградата за поддржувач на годината ја доби  Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата.

Наградата ја додели  Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, за кампањата „Не суди кој кого љуби“ која ја поддржале и пратеници од оваа група.

Маја Морачанин, пратеник и координатор на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата рече дека „оваа група е одличен пример како со постојана комуникација и работа на невладините организации може да се направат значителни исчекори во унапредување на човековите права и слободи“.

„ Она што не очекува во следниот период и за кој што ние како група се залагаме е и понатамошно усовршување и унапредување на законската регулатива во правното признавање на родот, но она што е многу важно за сите нас е практичната имплементација на овие закони кои ние ги донесовме, затоа што само низ ефикасна имплементација нашите сограѓани можат навистина да ги почуствуваат во своите секојдневни животи придобивките од овие законски промени“ рече Морачанин.

Јагода Шахпаска, член на групата, рече дека ниту една битка не е лесна, но секој треба да ги води своите битки .

„Пробивањето на мразот оди тешко, но доколку се обединат и регрутираат поголем број пратеници од законодавниот дом, тогаш таа битка ќе биде многу полесна“ рече Шахпаска.

Северна Македонија се најде на 40-то место од вкупно 49 европски држави според почитувањето на човековите права на ЛГБТИ лицата, во новото рангирање на ИЛГА – Европа.

Со само 16% реализација на законите и политиките кои влијаат на животите на ЛГБТИ лицата, земјава во споредба со минатогодишното рангирање има напредок од само една позиција и скоро никакво подобрување во поглед на регулативата.

Во делот од извештајот за Северна Македонија се наведува дека ЛГБТИ заедницата во државава се соочува со дискриминација, закани, говор на омраза и ограничен пристап до мејнстрим медиумите.

За минатата 2018 година, која е предмет на извештајот, регистрирани се и 43 злосторства од омраза и шест случаи на полициска злоупотреба.

 

 

 

ЛГБТ пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.