Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партијата на Јанез Јанша е фаворит на изборите во Словенија

0
By Нова ТВ on June 2, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словенците в недела, по осми пат од осамостојување, ќе излезат на парламентарни избори на кои ќе гласаат за 90 членови на Државниот збор. Според анкетите, најголема поддршка ужива Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша.

Предизборните анкети покажуваат дека мнозинството од 1,7 милиони Словенци со право на глас се незадоволни од четиригодишниот мандат на лево-ориентираната коалиција предводена од Миро Церар.

Анализите укажуваат дека најмногу мандати во парламентот ќе добие СДС со што ќе се отвори можност за формирање влада на десен центар. Но, аналитичарите истакнуваат дека коалицискиот потенцијал на Јанша е релативно слаб бидејќи зависи од изборниот резултат на демохристијанските „Нова Словенија“ и Словенечка народна партија (СЛС) кои може и да не влезат во парламентот.

Според резултатите од агенцијата „Медијана“, партијата на Јанша има поддршка од 16,3 отсто, а на второ место е Листата Маријан Шарец (ЛМС) со 7,6 отсто. Трети се „Левица“ на Лука Месец со 6,8 отсто доверба, па дури по нив доаѓаат социјалдемократите кои сега уживаат 5,5 отсто доверба.

Партијата Модерен центар (СМЦ) на актуелниот премиер Миро Церар има поддршка од 4,8 отсто. Изборниот праг во Словенија изнесува четири отсто.

анкети избори Јанез Јанша Миро Церар Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.