Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Pastor, vuelva pastor es que ovejas no pueden ser sin te, или како овците го љубат овчарот кој им овозможува да го хранат

0
By Ана Василевска on December 20, 2022 КОМЕНТАРИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Ана Василевска
Ана Василевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Чобане врати се!,- покажува анктетата на ИРИ според која македонските граѓани довериле највисок политички рејтинг на Никола Груевски. Зошто воопшто во анкетната листа се нашло името на илегалецот од Будимпешта кој воедно е на црната листа на САД е друго прашање, но довербата што му ја дале граѓаните навистина е феномен за подлабока анализа.

Анкетата дава и други интересни психолошко- социолошки сигнали –две третини од граѓаните (73 отсто) даваат поддршка на евроинтеграцијата, но истовремено силни симпатии негуваат и кон Турција и Кина. Во овие низа контраверзни размислувања што ги утврдува анкетата исто така е уверувањето дека најголем проблем ни е сиромаштијата, но велат дека има поголем економски напредок од минатите години.

Јавното мислење е силна јадица и за навигација на политиките и за медиумите.

Па, медиумите секако анкетата ја употребија како одличен „спин колач“ што го расекоа според сопствените апетити за „слатко“. Па, така, иако станува збор за бројки и факти, процентите ги нивелираа во привлечни наслови за потребната цел.

Секако, меѓу најактуелните прашања се најде и тоа за довербата во судството а резултатот од анкетата ни стигнува по разочарувачката одлука на Апелациониот суд за поништување на затворската пресуда на Сашо Мијалков. И, одекнаа порталите (а машала и коментарите) дека довербата во правосудството ни е 4 (четири) отсто. Во ред, не ги споменаа оние 19 отсто кои имаат делумна доверба, бидејќи е атрактивен малиот процент. Но, не споменаа и дека оваа фрапантна недоверба во судството граѓаните ја негуваат веќе речиси две децении. И најважнато, никој не си дозволи автогол- никој не спомена дека на медиумите им веруваат 8 (осум) отсто од граѓаните.

Тука, нема да спориме, иако ова навистина заслужува длабока и темелна анализа да се напипаат и детектираат причините за овие анктетни резултати.

Обликување на стварноста е навистина можно, и конечно по малку е дискутабилна и релевантноста и обидите да се има јасна слика за јавното мислење и кредибилноста преку овие анкети секаде во светот. Приближно објаснување за „биполарноста“ и симпатиите и кон Европа и кон Истокот, можеби имаат објаснување со фактот дека сакаме да купуваме евтини производи (кинески), од бела техника до храна, а истовремено сакаме тие да имаат висок квалитет заштитен и сертифициран според европските стандарди.

Тоа не е можно, како што не е можно криминалецот што се капе во народните пари и ги размножува во бизниси од кои полза има Унгарија, да ни ја врати довербата во судството, да ја зајакне економијата, да овозможи медиумска слобода без пропаганда.

Од неговото враќање или монтирање на левите што пишуваат со десна рака, полза може да има само тој и тие, или пак овците го бараат овчарот без кого немаат кого да хранат!?

Се надевам дека со евроинтеграцијата ќе престанеме да бидеме толку дезориентирани во одлуките кога ноќта пред разденување ни се чини најтемна.

(инспирирано од Рамбо Амадеус)

 

анкета на ИРИ Евроинтеграции јавно мислење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.