Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патешествие на мигрантите од Венецуела:Еквадор им ја затвори границата

2
By Нова ТВ on August 19, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 19, 2018 10:40

Еквадор воведе нови правила за запирање на бранот мигранти од Венецуела кои влегуваат во земјата без пасош, со што многумина останаа заглавени во соседна Колумбија.

Илјадници Венецуелци кои ја напуштаат земјата поради економската и политичката криза, преминуваа во Еквадор од Колумбија, користејќи само лични карти. Отсега тие за да ја минат границата ќе мора да имаат пасоши.

Повеќето патуваат на југ за да им се придружат на членовите на семејствата во Перу и Чиле.

Колумбија протестираше против овој потег, укажувајќи дека со воведувањето на забраната овие луѓе ќе бидат заробени од нејзината страна од границата.

Во последниве 15 месеци, повеќе од еден милион мигранти од Венецуела влегле во Колумбија, а повеќе од 4.000 пристигнуваат секојдневно на границата на Еквадор.

Одлуката на Еквадор да ја затвори границата за оние без пасоши стапи на сила вчера.

-Не знам што ќе правиме, но не можеме да се вратиме. Немате поим како е во Венецуела. Цели семејства јадат од ѓубрето, изјавуваат за светските агенции дел од мигрантите.

Според Кристијан Кругер Сармиенто, директор на Агенцијата за миграција на Колумбија, изјави дека потегот ќе создаде само повеќе проблеми.

-Барањето пасош нема да ја запре миграцијата, бидејќи ова население не ја напушта земјата од задоволство, туку од неопходност, изјави тој.

Бразилците не ги сакаат мигрантите

Зголемувањето на бројот на мигрантите од Венецуела предизвика тензии во регионот, по што владата на Перу во петокот објави имиграциски мерки слични на Еквадор, со што преминот на границата од 25 август ќе биде можен само со пасош.

Во февруари, колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос најави засилена гранична контрола, што резултираше со наплив од илјадници Венецуелци на премините.

Бразил, кој граничи со Венецуела, исто така, изрази загриженост и привремено ја затвори границата на почетокот на овој месец. Насилства се појавија во пограничната држава Рораима, каде што илјадници жители на Венецуела живеат во небезбедни сместувалишта.

Во пограничниот град Пакараима во саботата, неколку мигранти логори беа нападнати од гневни жители.

Нападите следеа по протестите во градот откако сопственикот на локалниот ресторан беше, наводно, ограбен и претепан од Венецуелци.

Според извештаите, стотици Венецуелци биле принудени да бегаат преку границата, додека жителите запалиле се што оставиле зад себе.

Според други извештаи, на венецуелската страна на границата имало напади врз бразилски автомобили.

Што се случува со Венецуела?

Венецуела е погодена од највисоката инфлација досега, со сериозни недостатоци на основни прехранбени производи и лекови, иако се работи за земја богата со нафта.

Се вели дека многумина гладуваат, поради што се принудени да напуштат земјата во потрага по подобри економски услови.

Земјата исто така се наоѓа и во политичка криза. Минатата година голем број демонстранти беа убиени во судирите во текот на неколкумесечните антивладини протести.

И покрај напорите на опозицијата за соборување на претседателот Николас Мадуро од функцијата, тој беше реизбран на изборите во мај.

Обидот за атентат на Мадуро на почетокот на овој месец уште повеќе ги зголеми тензиите во земјата.

бегалци Венецуела Еквадор Колумбија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

ВЕСТИ July 21, 2026

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината…

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.