Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патот кон ЕУ гарантира демократски и економски развој, за борбата против корупцијата ни треба и поддршката на САД

0
By Marija Todorovska on March 4, 2024 ИЗБОР
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2024 14:32

„Македонија мора да остане на патот за членство кон ЕУ. Ова е најдобра опција, бидејќи само тој пат ни гарантира демократски и економски развој“, вели извршниот директор на ЕВРОТИНК, Димитар Николовски, во изјава за „Фронтлајн“.

– Македонија мора да остане на патот за членство кон ЕУ. Ова е најдобра опција, бидејќи само тој пат ни гарантира демократски и економски развој. Другите алтернативи се неповолни и не се во склат со националниот консензус кои го имаме донесено пред повеќе декади. Тој консензус моментално е загрозен, но не уникатен македонски феномен, затоа што во цела Европа гледаме замав на евроскептичните и популистичките струи, сепак не смеме да заборавиме дека за демократскиот развој европските интеграции се најважним, вели Николовски.

Димитар Николовски

Тој подвлече дека, за борбата против корупцијата имаме докажано повеќе пати дека не може сами да се справиме, најмногу поради недостатокот на политичка волја кај политичките партии.

– Неопходна ни е помош од наште стратешки партнери. Поради тоа сметам дека подршката на ЕУ и САД за борба против корупцијата е од круцијална важност, нагласи тој.

Отворање на Уставот се потпира на низата усвоени официјални документи на ЕУ или директно поддржани од сите земји членки, и тоа попрецизно, тргнувајќи од точка 3 од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија (17 јули 2022 г.), потоа точката 4 од Заклучоците на Советот на ЕУ (8 јули 2022 г.), како и во точка 11 од Воведната изјава на ЕУ од Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија (9 јули 2022 г.), како и точка 15 од Воведната изјава на Северна Македонија од Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија (19 јули 2022 г.).

Отворената прва фаза од Меѓувладината конференција (9 јули 2022 г.) ќе биде заокружена со вториот состанок, откако ќе се усвојат и ќе влезат во сила договорените измени на Уставот.

Европската унија e најдобра опција за Македонија за над 70 проценти од граѓаните – покажа истражувањето на јавното мислење на Институт Преспа спроведено теренски на репрезентативен примерок од 762 испитаници во период од 23 ноември до 11 декември 2023 година. Процентот на граѓаните кои сметаат дека државата треба да бара друга алтернатива од европската изнесува 24 проценти.

Анкетата на Институ Преспа ја опфатила и партиската припадност на испитаниците, што покажало дека со 100 проценти поддршка за ЕУ се приврзаниците на Алтернатива и Демократско движење, по што следат Алијанса за Албанците и БЕСА со 96, ДУИ 94 и СДСМ со 90. Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ се поделени и речиси секој втор е за ЕУ односно, 53 проценти од нив, а 60 проценти од ЗНАМ и 58,5 проценти од поддржувачите на Левица во ЕУ гледаат најдобра опција.

Истражувањето покажало дека од 39,8 проценти од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ кои иднина не гледаат во ЕУ – 33,5 % се за БРИКС. Истражувањето на јавното мислење на Институт Преспа покажа и дека ако се одржи референдум за членство во ЕУ би гласале 67,3 проценти од граѓаните.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Димитар Николовски ЕУ САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.