Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Патриотска“ играна серија го оштетила буџетот за 2 милиони евра

3
By Нова ТВ on November 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 14, 2017 13:58

Ова видео што гледате погоре, објавено на социјалните мрежи пред неколку дена, би требало да биде најава за играната серија „Македонија“ чија прва епизода требала да се емитува на 14 септември. Од самата најава не е јасно за тоа каква е содржина на оваа серија, но она што се знае е дека таа чини 4,6 милиони евра или дека добила буџет кој досега не е одобрен за ниту едно филмско остварување во Македонија.

Освен оваа видео најава, никој во државата, а пред се Агенцијата за филм на Република Македонија нема информација за тоа што е направено со овие средства и дали воопшто е снимена некоја од 80 предвидени епизоди на оваа играна серија во продукција на скопската подружница на хрватската продукциска куќа „Јадран филм“ . Согласно договорот склучен на 10.02.2016  Агенцијата за филм на продукцијата Јадран филм и исплатила 1, 1 милион евра за реализација на првата сезона од оваа играна серија.

„Ова е специфичен случај во историјата на македонската кинематографија, бидејќи според финансиската конструкција станува збор за најголем буџет кој не бил одобрен за ниту една друга продукција. Сите рокови се поминати и нема никакво известување и информации за тоа што е направено според договорoт тежок 4,6 милиони евра“ изјави директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

Вратите на овој спорен договор се отвораат на 31.07.2015 година кога на сила стапуваат измените во Законот за филмска дејност кои предвидуваат финансирање на „други аудио визуелни дела -играна серија“ . Четири месеци по овие измени во законот, Агенцијата за филм распишува конкурс на 25.11.2015. Во постапката на креирањето на конкурсот не учествувал Филмскиот совет на Агенцијата за филм, како што е предвидено со член 22 од Законот за филмска дејност.

Осум дена по објавата на овој конкурс хрватската продукциска куќа Јадран филм ја отвора својата скопска подружница на 3.12.2015 со влог од 5.000 евра. На конкурсот токму на оваа продукција и се одобруваат средства во висина од 4,6 милиони евра иако во поднесената документација не е приложен ниту синопсис, иако согласно процедурите потребно е да се достави образложено сценарио за сите епизоди предвидени со овој серијал.

Играната серија според првичниот договор во висина од 4,6 милиони евра требала да содржи 130 епизоди. Подоцна, со анекс на договорот, бројката на епизоди е намалена од 130 на 80, но при тоа не е направена измена на сумата која треба да и се исплати на продукцијата.

Според проценките со овој договор на буџетот на Република Македонија му е нанесена штета од 2 милиони евра. За сите детали од овој договор Агенцијата за филм испратила информации до Јавното обвинителство, како и до финансиската полиција од каде што известија дека истрагата е во тек.

За се спречат понатамошни штети по буџетот Агенцијата за филм го раскина овој договор со продукцијата Јадран филм. Правиот застапник на оваа агенција со кој контактираше НОВА извести дека се снимени 12 епизоди од серијалот и дека снимањето ќе продолжи. Дополнително правиот застапник извести дека продукцијата ќе ги презентира своите видувања новонастанатата ситуација.

Според информациите со кои располага НОВА станува збор за играна серија со „патриотска“ содржина во која се афирмираат тезите кои често беа артикулирани од невладини организации како ГДОМ (Граѓанско движење за одбрана на Македонија) и СОС ( Стоп операција Сорос) . Како автори на сценарија за оваа играна серија биле предвидени токму членови на овие невладини организации како Виолета Ачковска и Никола Србов.

 

Агенција за филм Горјан Тозија Македонија серијал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.