Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Патриотски” упад во образованието: Продолжуваат протестите во школите

0
By Нова ТВ on March 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протестите во училиштата во Прилеп продолжуваат и денеска. Голем дел од институциите и родителите на децата го осудија вчерашниот говор на директорот на училиштето и бараат тој да понесе одговорност. Николоски денеска не е на работа, поради менаџерски обврски кон училиштето

Пишува: Зоран Милошески

Организирана група од четириесетина ученици од неколку средни училишта од Прилеп денес го повторија вчерашното сценарио. Во претпладневните часови, после големиот одмор, групата тргнала од ЕМУЦ „Ристе Ристески-Ричко“, и се упатила кон Гимназијата „Мирче Ацев“, од каде за разлика од вчера, многу помал број на ученици ѝ се придружи на групата. Откако не ја добиле очекуваната поддршка, учениците се упатија кон медицинското училиште СОУ „Ѓорче Петров“.

Во холот на училиштето, каде е снимен и видео материјалот, групата „вооружена“ со знамиња и свирчиња извикуваше „Македонија, Македонија“ и „Нејќам три, нејќам два, еден јазик сакам јас“.

„Протестираме за да не учиме албански јазик и протестираме за Македонија. Да имаме еден јазик, да си го чуваме јазикот, не сакаме друг јазик освен македонски“, ни рече еден од организаторите на протестите.

На прашањето кој им рекол дека ќе учат албански, организаторот рече, „Никој не ни рече дека ќе учиме албански, затоа протестираме. Ние следиме што се случува и ако се усвои може да учиме албански“.

Веднаш потоа откако ѝ се приклучија мал број на ученици од средното медицинско училиште, групата се упати кон центарот на градот, а наставата во училиштето продолжи.

Иако во моментот на пристигнувањето на групата директорот на СОУ „Ѓорче Петров“ Дејан Димоски бил присутен во училиштето, вратата на неговиот кабинет беше заклучена а директорот, според зборовите на служителите, бил отсутен. Никој од професорите не сакаше да даде изјава за настанот.

Од своите работни места денес беа отсутни сите директори на средните училишта во Прилеп, вклучително и директорите на ЕМУЦ „Ристе Ристески-Ричко“ и Гимназијата „Мирче Ацев“.

Дваесетината родители чии деца учат во Гимназијата побарале средба со директорот Николовски.

Тие до секретарот на училиштето доставија протесна нота, со која бараат целосно расчистување на вчерашните настани, како и кривична одговорност за сите инволвирани лица, без разлика дали се работи за техничкиот персонал, професорите или пак за директорот.

НИКОЛОСКИ ОТСУТЕН ОД РАБОТА ПОРАДИ МЕНАЏЕРСКИ РАБОТИ

Николоски, директорот на Основното училиште „Мирче Ацев“ од Прилеп денеска не е на работа и не знае што моментално се случува во неговото училиште, изјави телефонски за НОВАТВ, Николоски.

Тој вели дека досега ниту дошла, ниту пак се најавила инспекција во училиштето за говорот кој тој вчера го држеше пред учениците и ги повикуваше да си ја заштитат унитарноста на државата. Николоски за НОВА ТВ вели дека сам ќе повика инспекција ако треба, затоа што не гледа никаков проблем во разговорот кој го водел со учениците.

„Девет години бев професор по историја и моја работа беше на учениците да им вградам љубов кон Македонија. Токму тоа беше разговорот што вчера го водев со децата. Јас на сите им кажувам дека треба да водат грижа за македонските национални интереси, штета што дојде такво време во кое тоа е грев“, вели Николоски.

Тој вели дека денеска не е на работа, затоа што како директор на училиште има и менаџерски обврски.

Директорот Николоски беше снимен како држи политички говори во училиштето и ги повикува учениците да ја прекинат наставата и да излезат на протест.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ДЕЦАТА

Со реакција за говорот на директорот излезе и Народниот правобранител. Од неговиот кабинет велат

Дека се сериозно загрижени за обидите за инволвирање на децата во протестите организирани во повеќе градови во Република Македонија.

„Најостро ги осудуваме  настапите на раководни лица во училиштата и ги повикуваме Училишните одбори, Градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука веднаш и без одлагање, секој во рамките на своите надлежности да преземе соодветни мерки спрема лицата кои агитираат или дозволуваат во училиштата да се врши агитација и обиди за политичко инволвирање на учениците“, велат од Кабинетот на правобранителот.

Ваквите настапи се спротивни на Законот за средното образование со кој е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување и надвор од целите на образованието.

„Народниот правобранител во континуитет ги следи ваквите случувања за што веќе води постапки и по сопствена иницијатива и по поднесени претставки на родители, и уште еднаш потенцира и укажува дека  децата во никој случај да не бидат цел на манипулации и злоупотреби, имајќи предвид дека  тие според сите меѓународни и домашни регулативи уживаат посебна заштита“, пишува во соопштението на правобранителот.

Од државниот просветен инспекторат по два дена, само кусо ни одговорија „Државниот просветен инспекторат ќе изврши инспекциски надзор и ќе постапи согласно своите законски надлежности“.

ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШНЛ: НИКОЛОСКИ ГИ ПРЕКРШИЛ ЗАКОНИТЕ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

Транспаренси Интернешнл – Македонија денеска преку формално доставени иницијативи ги повика институциите да ги истражат и да санкционираат активностите на директорот од Прилеп којшто овие денови ги повикуваше учениците од СОУ „Мирче Ацев“ да излезат на протестите на иницијативата „За Заедничка Македонија“.

„Имајќи предвид дека г-н Кире Николоски со своите дејствија го прекршил чл.7 ст.1 од Законот за средното образование и чл.12 ст.4 од Законот за заштита на деца, Транспаренси Интернешнл – Македонија поднесе иницијативи за вршење на инспекциски надзор до Државниот просветен инспекторат и Министерството за труд и социјална политика, а побара постапување и од Народниот правобранител на Република Македонија. Транспаренси Интернешнл – Македонија бара од институциите да го испитаат случајот согласно своите надлежности и одговорните да бидат казнети согласно законите. Вакви слични случаи повремено се повторуваат, а при тоа не се лоцира одговорност и казните изостануваат. Неказнивоста на злоупотребите на службената положба и политичката заштита над прекршителите на законот мора да престане, па поради тоа ТИ-М ќе ги следи овие постапки до крај и ќе бара доследно почитување на законот“, се вели во соопштението.

директор Кире Николоски протести училиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.