Англија е последната репрезентација што се пласира во четврт-финале на Светското првенство. „Гордиот албион“ на пенали (4:3) ја елиминира Колумбија, откако победник немаше во основниот дел (1:1). Кејн ја претвори во гол најстрогата казна во 57. минута и се израмни со Гери Линекер од 1986 година со шест погодоци на еден завршен турнир, за екстра фудбал во осминафиналето на „Откритие арена“ се погрижи Јери Мина, новата аквизиција на Барселона, со погодокот во третата минута од судиското надополнување. Јунак во пенал серијата беше голманот Џордан Пикфорд кој ги „прочита“ ударите на Урибе и на Бака додека Хендерсон беше единствениот што не успеа да погоди за победничката селекција.

Ривал на Англија во четврт-финалето ќе биде Шведска која, пак, од СП 2018 ја исфрли Швајцарија по минималниот триумф со 1:0. Решавачки за победникот во Санкт Петербург беше погодокот на Емил Форсберг во 66. минута.
https://www.youtube.com/watch?v=eax5CoFl828
Колумбија – Англија 1:1 (на пенали 3:4)
Стадион: „Откритие арена“ во Москва. Гледачи: 44.190. Гл. судија: Марк Гајгер (САД). Асистенти: Џое Флечер (Канада) и Френк Андерсон (САД). Ж. картони: Аријас, Санчез, Бариос, Квадрадо, Фалкао, Лерма (Колумбија); Хендерсон, Лингард (Англија). Стрелци: Мина 90’+3’ за Колумбија; Кејн 57’ (п) за Англија.
Колумбија (формација 4-3-2-1): Оспина – Мохика, Санчез, Мина, Аријас (Запата 116’) – Лерма (Бака 61’), Санчез (Урибе 79’), Бариос – Кинтеро (Муриел 88’), Квадрадо – Фалкао. Селектор: Хозе Пекерман.
Англија (формација 3-5-2): Пикфорд – Мегваер, Стоунс, Вокер (Рашфорд 113’) – Јанг (Роуз 102’), Лингард, Хендерсон, Али (Даер 81’), Трипие – Кејн, Стерлинг (Варди 88’). Селектор: Герет Саутгејт.
Резултати од осминафиналните мечеви на СП 2018
Франција – Аргентина 4:3
Уругвај – Португалија 2:1
Шпанија – Русија 1:1 (на пенали 3:4)
Хрватска – Данска 1:1 (на пенали 3:2)
Бразил – Мексико 2:0
Белгија – Јапонија 3:2
Шведска – Швајцарија 1:0
Колумбија – Англија 1:1 (на пенали 3:4)
Двојки за четврт-финале
Уругвај – Франција (петок, 16 ч., стадион во Нижни Новгород)
Бразил – Белгија (петок, 20 ч., „Казањ арена“ во Казањ)
Шведска – Англија (сабота, 16 ч., „Космос арена“ во Самара)
Русија – Хрватска (сабота, 20 ч., стадион „Фишт“ во Сочи)