Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Дезинформациите можат да се силна закана за националната безбедност

0
By Mirjana on September 27, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 27, 2021 13:52

Темата за медиумската писменост станува се поважна за граѓаните и демократијата, истакна претседателот Стево Пендаровски на регионалната конференција ‘Западен Балкан – ЕУ’. Тој кажа дека во доба на дигитализација, информираноста се повеќе доаѓа од интернетот, каде често знаат да кружат и дезинформациите.

-Интернетот лесно може да стане од алатка за информирање во алатка за дезинформирање, а дезинформациите веќе се сметаат за закана за националната безбедност, вели Пендаровски.

Претседателот додаде дека силно присутна е ‘инфодемијата’ која периодов пречи во зачувувањето на јавното здравје.

-Треба повеќе кампањи за запознавање на граѓаните како да препознаат информација и дезинформација, бидејќи само така ќе се победи вирусот на инфодемијата, заклучи Пендаровски.

На конференцијата, преку видео обраќање, учествуваше и потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, кој подвлече дека треба да се крене свеста за значењето на медиумската писменост.

-Граѓаните на Западен Балкан се се повеќе свесни за медиумската писменост и Европската унија ќе продолжи да финансира и поддржува активности во оваа насока, изјави Борел, потенцирајќи дека е потребен зајакнат владин и општествен пристап за зајакнување на медиумската писменост.

-Западен Балкан е во срцето на ЕУ и навистина е продуктивно заеднички да се справуваме со предизвиците, заклучи Борел. Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир потсети на Извештајот на Институтот ‘Отворено општество’ – Софија, каде Северна Македонија е на дното на листата европски земји по медиумска писменост и влијание на лажни вести.

-ЕУ е посветена во борбата против лажните вести. Инвестирањето во медиумската писменост бара широк пристап, а клучна улога тука играат и проверувачите на факти, нагласи евроамбасадорот Гир.

Л.А.

конференција медиумска писменост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.