Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски од Атина: Се уверив дека напорите за поголемо зближување на нашите држави и народи се двострани и искрени

0
By Sashko on October 5, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во оваа посета, што ја чекавме цели 30 години, дојдовме како Ваши пријатели. Денес, за време на сите мои средби уште еднаш се уверив дека напорите кои ги вложуваме во насока на уште поголемо зближување на нашите држави и народи, се двострани и искрени, рече претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски за време на официјалната свечена вечера во негова чест во Претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот, за време на здравицата, изрази задоволство што е прв претседател на Република Северна Македонија кој во тоа својство ја посетил Грција, а се осврна и на новата ера на соработка, веќе трета година по ред, по потпишувањето на Преспанскиот договор „со кој успеавме да затвориме едно компликувано прашање во нашите односи“.

Договорот беше тежок чекор за двете држави, но го постигнавме во интерес на нашата заедничка иднина, истакна претседателот.

Тој додаде дека она што стана реалност за нас е членството во НАТО „каде што сме веќе и формални сојузници, посветени на промовирање и одбрана на заедничките вредности“, а во функција на стабилноста и просперитетот на регионот и на целата евро -атлантска зона.

Постигнавме видливи резултати за краток период и покрај сите предизвици. Речиси и да не постои сфера каде што немаме заеднички интерес за прогрес. Длабоко сум уверен дека во периодот што претстои ќе го зголемиме обемот на трговска размена и инвестиции. Сите овие изминати години, релациите меѓу двете бизнис заедници не прекинаа. Време е ние сега да креираме подобри услови за нивна уште поголема соработка. Дозволете уште еднаш искрено да се заблагодарам за континуираната грчка поддршка за процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската унија, каде што и покрај сите блокади со кои сме соочени, Вие сте наш доследен поддржувач и промотор, порача претседателот.

Истакна дека со грчката претседателка имаат толку многу теми за разговор, што искрено посакува што побрзо да ја види во Скопје, поканувајќи ја да ја посети Северна Македонија за да ги запознае нашите природни убавини и „се разбира, час поскоро, да продолжиме со нашите конструктивни разговори“.

Госпоѓо Сакeлaропулу, нека Вашиот мандат придонесе за понатамошен сестран напредок на вашата држава. Ве уверувам дека од наша страна ние сме подготвени посветено да работиме за просперитет и вечно пријателство меѓу нашите два народа, рече претседателот Пендаровски, наздравувајќи во чест на грчката претседателка.

Шефот на државата и неговата сопруга, пред вечерата, во присуство на претседателката на Грција и нејзиниот партнер се потпишаа во книгата на гости. На свечената вечера во Претседателската палата во Атина, присуствуваа и министри од грчката Влада, како и претставник на опозициската СИРИЗА.

Грција Катерина Сакеларопулу Македонија посета Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.