Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одолговлекувањето на ЕУ интеграциите ќе ја засили политиката на поделби и омраза

0
By Нова ТВ on June 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 27, 2019 17:12

Процесот на помирување не е лесен и едноставен и сигурно ќе трае со години и децении, рече претседателот Стево Пендаровски на панел дискусијата „Деполаризација на јавниот дискурс“.

„Иако декларативно имавме обединување околу стратешките цели, тука освен ЕУ и НАТО го спомнувам и Рамковниот договор, за жал, наидовме на многу опструкции кои беа далеку од конструктивни критики и забелешки кои ни одземаа многу време и енергија како држава.

Сега кога сме на прагот на формалчно членство во НАТО и пред почеток на преговорите со ЕУ, повторно сме соочени со ново, дополнително поларизирање на односите недоведба и малодушност. Сигурен сум дека оддалечувањето од целта, осносно понатамошното одолговлекување на процесот на интеграциите, само ќе го продлабочи јазот како на интраретнички така и на интеретнички план и дополнително ќе ги засили политиките на поделби, омраза, конфликти и предрасуди“, – рече претседателот Стево Пендаровски.

Пендаровски исто така нагласи дека преку својата изборна платформа се обрзал  дека ќе даде личен придонес за прекинување на политиката на поделби,  поврзувајќи ги граѓаните независно од нивното етничко, верско, социјално или друго потекло.

„Сведоци сме колку малку ни е потребно за сплотеност околу заедничките цели и вредности. Видете ги само последните примери – што се случуваше по успехот на Тамара на Евровизија, по освојувањето на европската титула на РК Вардар, по златниот медал на кадетското првенство во борење на Бесир Алили.  Имаме извонредни уметници, големи научници, спортски величини кои треба заеднички да ги респектираме. Наспроти заморот од долгата и мачна транзиција и перцепциите кои се предизвикани воглавно од тоа, имаме традиција и култура, имаме прекрасна земја и прекрасни луѓе. Зарем треба во нашите животи да се опкружиме со гнев и омраза и наместо достоинство и почит кон другиот да негуваме гнев и завист?“, рече Пендаровски.

Професорот Трајко Славески делумно се согласи со ставовите на Пендаровски, но укажа дека наместо зборот „помирување“, можеби е подобро да се зборува за „деполаризација“ на општеството.

– Мислам дека е најдобро меѓу претставниците на политичките партии да се постигне џентлменски договор за избегнување говор на омраза. Од СДСМ уживаат кога ќе кажат ДПМНЕ, а од ВМРО-ДПМНЕ кога велат СДС. Јас никогаш не сум го употребил изразот „комуњар“, а некој многу често и јасно го користи. Да не се навредуваме, туку да се натпреваруваме“ рече Славески.

 

 

Пендаровски помирување разговор Славевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.