Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски-Пахор во Нови Сад: Поддршка од Словенија за аспирациите во ЕУ и НАТО

0
By Нова ТВ on November 23, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска во Нови Сад, во рамки на дводневната официјална посета на Србија, се сретна со неговиот словенечки колега Борут Пахор за време на 4. Регионален младински форум.

На средбата беше оценето дека двете земји имаат одлични односи што се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање, а беа разменети и мислења за можностите за понатамошно унапредување и збогатување на соработката во повеќе области од взаемен интерес.

„За Северна Македонија не постои друга алтернатива, освен европската интеграција“, посочи претседателот Пендаровски.

Тој се заблагодари за отворената и конструктивна поддршка од Словенија за аспирациите на нашата земја за членство во ЕУ и во НАТО, што беше потврдена со ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, како и постојаната поддршка во рамките на Европската Унија.

„Потребно е менување на менталниот склоп во регионот. Наместо да чекаме пораки од Брисел и големите центри, да ја донесеме ЕУ во регионот со реформи и економски развој, за младите да останат дома“, додаде Пендаровски на панел дискусијата и упати порака „на младите да им се овозможи првата шанса за работа да ја добијат дома за што е и реализацијата на иницијативата за т.н. Мал Шенген.“

Српскиот претседател ги посочи бројките на иселување на младите во целиот регион кои се алармантни.

„За да ги задржиме младите треба да се понуди перспектива, со добра политика и раст на економијата со високи плати“, изјави Вучиќ, кој исто така посочи дека во таа насока е и иницијативата „Мал Шенген“.

Тој првпат најави и воведување на „трајни дозволи за работа“ во земјите членки на иницијатива Мал Шенген.

Александар Вучиќ Борут Пахор Нови Сад Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.