Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски по повод Ханука: С. Македонија е особено горда на својата еврејска заедница

0
By Sashko on December 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод одбележувањето на еврејскиот празник Ханука, во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се одржа виртуелен настан на кој учествуваа претставници на државата Израел и потомци на преживеани македонски Евреи од Холокаустот.

Претседателот Пендаровски упати порака со која го честита празникот на светлината, а како централен чин во одбележувањето на Ханука, традиционално беа запалени свеќите на Менората.

Република Северна Македонија е особено горда на својата Еврејска заедница, која заедно со Меморијалниот центар на Холокаустот на македонските Евреи, е нашата симболична Ханукија, бидејќи нè потсетува на конечната победа на животот над уништувањето и на сеќавањето над заборавот, порача претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Посакувајќи мир, радост и здравје, претседателот Пендаровски истакна дека празнувањето на Ханука е потсетување дека темнината не може да ја опфати светлината која го осветлува патот на човештвото кон слободата, еднаквоста, правдата и човечкото достоинство.

Овие вредности ги крепат луѓето дури и во периоди на огромни предизвици како што е пандемијата на ковид-19. Во овие тешки времиња, ние продолжуваме да го негуваме соживотот и почитувањето на различните, како најголема вредност на македонското општество, истакна претседателот.

Годинава свеќите на Менората беа запалени во спомен на Еврејската заедница од Северна Македонија која настрада во Холокаустот.

Еврејска Заедница Македонија празник претседател Стево Пендаровски Ханука
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.