Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Учесниците на изборите да си подадат рака, без разлика кој ќе победи

0
By Нова ТВ on July 15, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски своето право на глас денеска го оствари на избирачкото место 2489 во месната заедница Автокоманда. 

„Очекувам како што и доликува на една европска демократска држава сите учесници во изборниот процес, вечер по завршувањето на гласањето да си подадат рака и да си честитаат еден на друг“, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Тој особено го истакна фактот што изборите до овој момент се одвиваат мирно и со максимално почитување на здравствените протоколи за заштита на сите учесници во изборниот процес, со оглед дека ова се специфични избори кои се одржуваат во време на пандемија на коронавирусот.

„Според достапните информации од првата половина од изборниот ден гледаме дека сè се одвива во рамките на законските прописи и во една демократска, мирна и толерантна атмосфера. Она што е значајно и што е специфика на овие избори, а според мене би требало да остане до крајот на изборниот ден така, е дека изборите се одвиваат со максимално почитување на здравствените протоколи, бидејќи исклучително е битно секој што сака да го реализира своето гласачко право денеска секој граѓанин да биде максимално заштитен. Се разбира, зборувам и за луѓето околу 30.000-35.000 кои се ангажирани како членови на гласачките одбори“, рече шефот на државата.

Изборите рече тој, мора да се спроведат фер, транспаренто и во демократската атмосфера.

„Ние сме една од првите пет-шест држави во светот која организира избори во време на корона. Јас се надевам дека така ќе остане како што е и досега во текот на изборниот ден се до прогласувањето на резултатите. Сосема е небитно тоа кој ќе биде формален победник вечерва. Очекувам како што и доликува на една европска демократска држава сите учесници во изборниот процес вечер да си подадат рака и да си честитаат еден на друг“, рече претседателот Пендаровски кој заедно со семејството го оствари гласачкото право на избирачкото место 2489 во месна заедница во Автокоманда во Општина Гази Баба.

гласање Избори 2020 Македонија Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.